Крекери од чиа семе и ленено семе

крекери моебебеПотребни состојки:

300 мл млеко

500 г брашно

2 супени лажици семе од чиа и

2 супени лажици ленено семе

1 лажица шеќер

1 лажиче сол

1/2 пакетче свеж квасец  Прочитај повеќе »

Чиа семе – добра замена за јајца

Cia seme-moebebeЧиа семето или латински Salvia hispanica, се ситни црни-сиви зрна кои се плод од растение кое расте во Мексико и Гватемала и се дел од фамилијата на нане. Пребогато е со растителни влакна и антиоксиданти, кои се многу важни за енергија и виталност на телото и мозокот на човекот. Содржи голем процент на протеини -14% што е многу во споредба со други растенија. Прочитај повеќе »

Појадок за топење на салото околу стомакот

moebebeСекој сака да биде здрав, да има витко тело и здрава кожа. За да му го овозможите ова на своето тело потребно е секое утро да појадувате оброк богат со витамини и минерали. Со воведување на здрав оброк наутро, за кратко време ќе ви се подобри метаболизмот, ќе имате повеќе енергија, ќе се чувствувате полесно и здраво.

Прочитај повеќе »

Витаминска бомба за имунитет за поголеми деца и возрасни

Витаминска бомба

Време е да го подготвите телото за ладните зимски денови. Само добар имунитет може да ве спаси од вируси и настинки, кои особено се присутни во овој период од годината. Природата ни дава се, само треба добро да знаеме што и како да комбинираме за да бидеме здрави. Прочитај повеќе »

Лимонада со праски

Limonada so praskiПотребни состојки:

1 литар вода

4-5 крупно исечкани праски

свежо исцеден сок од лимон (4-5 лимони)

2 лажици шеќер

2 шолји мраз

Начин на подг0твување

Во тенџере на оган ставете ги водата, праските и шеќерот. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските. Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите. Ставете го сокот во фрижидер да се лади неколку часа. Додајте го сокот од лимон во сокот од праските и ставете мраз. Послужете ја лимонадата ладна.

 

За трудници и деца: Освежителен пијалок од лубеница

lubenicaПотребни состојки: 

1,5 лубеница бес коски

125 мл. вода

20 тина листови нане

околу 8 лажици шеќер

2 лимона (поделено на 8 парчиња)

 

Начин на подготвување:

Лубеницата и водата ставете ја во блендер. Во 8 чаши ставете лед, шеќер и парче лимон, прелијте со смесата од лубеница.

Рецепти за деца: Што да пие детето во текот на летото?

moebebeВо текот на летниот период, особено во жешките денови, консумирањето на течности е особено важно, така што, покрај водата која треба да се пие во големи количини, добро е да му понудите на своето дете и некој освежителен пијалок, кој освен што ќе го разлади, ќе го задоволи и неговиот дневен внес на течности.

Покрај водата, детето треба да прима  свежо исцедени сокови , ладни чаеви и вода во која имате исцедено малку лимон. Прочитај повеќе »

Соленки со сусам и ленено семе

СоленкиПотребни состојки:

250мл. пиво

250мл. масло

200гр. сусам

100гр. ленено семе

2 мали лажички сол

1 прашок за пециво

600 гр. брашно Прочитај повеќе »

Природен лек од маџун за слабокрвни

Природен лек од маџун за слабокрвниПотребни состојки:

400 гр. мелени ореви
400-450 мл. маџун 
3-4 лимони (исцеден сок)
50 гр. семе од коприва

Начин на подготовка:

Прочитај повеќе »

Кремасто фрапе од банана за добро расположение (за трудници)

Кремасто фрапе од банана за добро расположение (за трудници)Потребни состојки:

1 банана

200 мл. ладно млеко

1 лажица мед

цимет (по вкус)

2-3 коцки мраз

чоколден прелив Прочитај повеќе »

Домашна нутела

Домашна нутелаПотребни состојки:

1 чаша мелени лешници

⅔ чаша какао во прав

½ чаша (може ѝ малку помалку) јаворов сируп

⅓  или ½ чаша бадемово млеко (колку ќе ставите зависи од тоа колку сакате кремот да биде густ)

1 лажица кокосово масло

Неколку зрна морска сол Прочитај повеќе »

Овошна каша од банана, портокал и бисквити (од 13 месеци)

Овошна каша од банана, портокал и бисквити (од 13 месеци)Потребни состојки:

Една банана, сок од пола портокал и неколку бисквити

Начин на подготвување: Бананата се лупи и пасира. Се додава цеден сок од пола портокал. Се меша убаво. Се додаваат неколку кршени или мелени бисквити и оброкот е готов.  Прочитај повеќе »

Kаша од свежа круша со снегулки (над 8 месеци)

Овошна каша од свежа круша (над 8 месеци)Потребни состојки:

Една круша, 2-3 супени лажици оризови снегулки или бисквити

 Начин на подготвување: Крушата свежа се пасира или блендира, се додаваат снегулките и се меша убаво за да нема грутки. Снегулките може да се заменат со мелени бисквити. По желба може да засладите со мед (може да додадете само ако подготвувате оброк за деца поголеми од една година). Прочитај повеќе »

Kаша од суви сливи (за 6-8 месеци)

Kаша од суви сливи (за 6-8 месеци)Потребни состојки:

неколку суви сливи, вода, пола кафена лажичка сок од лимон.

Начин на подготовка: Сувите сливи се мијат со топла вода и се оставаат во вода да одстојат околу 30-тина минути. Се цедат и повторно се мијат. Се вадат семките и се ставаат да се варат во вода. Штом ќе омекнат, се пасираат (блендираат) и се додава малку лимонов сок. Прочитај повеќе »

Гибаница од макарони

Гибаница од макарони(Ова јадење се подготвува многу брзо и е „олеснителна околност“ за вработени жени)

Потребни состојки:

500 гр. Макарони

250 гр. Фета сирење

3 јајца

500мл. Млеко

сол Прочитај повеќе »

Рецепт: Бадниково лепче

Рецепт: Бадниково лепчеПотребни состојки:

500гр. бело брашно тип 400

1 мала лажичка сол

1/2 свеж квасец или 1 ќесичка сув квасец

50 мл. масло

околу 250 гр.  млака вода

Начин на подготвување:

Во длабок сад ставете го брашното, додадете ја солта, квасецот и маслото и малку промешајте. Почнете постепено да ја додавате водата. Замесете тесто. Оставете да се одмори 10 тина минути. Печете во загреана рерна на 200 целзусови степени околу 20 минути.

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекции

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекцииАронијата е зрнесто овошје, по изглед многу слично на боровинките. Потекнува од источниот дел на Северна Америка. Поради големата лековита моќ, станува доста популарна, така што многу брзо започнува да се одгледува ширум цела Европа.

Сè уште не е доволно позната помеѓу балканскиот народ. Многумина од Вас можеби ја имаат и во својот куќен двор, а немаат доволно информации колку е всушност лековита и здрава да се консумира.

Ова зрнесто овошје уште се нарекува и „сибирско овошје“, бидејќи може да живее и дава плод ѝ на многу ниски температури (-60 целзусови степени). Прочитај повеќе »

Емулгатори кои се додаваат во храната што ја купуваме

Емулгатори кои се додаваат во храната што ја купувамеЕмулгатори кои не штетат по здравјето на луѓето

Емулгатори од групата Е: од 100 до 111. Е:121, 122, 126,130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 163, 170, 174, 175, 181, 201, 202, 203, 236, 237, 238, 260, 261, 262, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 304, 305, 306, 307, 308, 309, 322, 325, 326, 327, 331, 332, 333, 334, 335, 336, 337, 382, 400, 401, 402, 403, 404, 405, 406, 408, 410, 411, 413, 414, 420, 421, 422, 440, 450, 471, 472, 473, 474, 475. Прочитај повеќе »

Мохито за деца и трудници

Мохито за деца и труднициПотребни состојки:

75 мл. сок од јаболко

75 мл. кисела вода

1 зелен лимон

2 ливчиња од нане

1 лажичка ванилин шеќер Прочитај повеќе »

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светот

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотПитер Мензел и неговата сопруга Д’Алисон решиле да патуваат во светот истражувајќи колку навиките за јадење се разликуваат од земја во земја. Сите различности, навики и обичаи ги презентираа во еден фото албум, наречен Гладна Планета (Hungry Planet) и во книгата „Што јаде Светот“ (What the World Eats). Прочитај повеќе »

Спанаќот како превентива за многу болести

Спанаќот како превентива за многу болестиДоколку редовно го консумирате, спанаќот може да го обезбеди Вашиот организам со многу витамини, минерали и растителни влакна кои помагаат и се одлична заштита од различни болести. Прочитај повеќе »

Сè за спанаќот – зошто е добро да се јаде

Сè за спанаќот – зошто е добро да се јадеСпанаќот игра многу важна улога во одржување на здраво тело. Доколку редовно го јадете, ќе примите голем број на хранливи состојки. Негова предност е тоа што е доволно распространет и го има во текот на целата година. Прочитај повеќе »

Најкористени зачини на нашето поднебје

Бибер: Јак зачин со остар мирис, кој се користи во зрно или мелен. Белиот бибер е поблаг отколку црниот. Се додава во маринада, салати од морски плодови, салати со месо, зеленчук, жито и разни

Најкористени зачини на нашето поднебје Прочитај повеќе »

СЦЕНАРИО: Како се подготвува сарма за Нова година во една фамилија

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или листови од штавеј. Најчесто македонските домаќинки ја подготвуваат за Новогодишните празници и тоа од кисела зелка. Каква еуфорија настанува околу подготвувањето на една празнична сарма по дома, погледнете. Прочитај повеќе »

Баклава на македонски начин, традиција за празници

Баклава на македонски начин, традиција за празнициПотребни состојки:

500 гр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер или маргарин (растопен)
200 гр. ореви ( половина мелени, половина сецкани)
80 гр. суво грозје (по желба)

Шербет:
500 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон, 1 ванилин шеќер Прочитај повеќе »

Рецепт за Баклава од Газиантеп

Рецепт за Баклава од Газиантеп Потребни состојки:

За тестото:

1 чаша растително масло
1 чаша млеко
3 јајца
половина чашка оцет
малку сол
6 чаши брашно
1 пакетче скроб

Фил:

400 гр. мелени ореви
125 гр. маргарин
250 гр. масло

За шербетот:

1.5 литар вода
1.5 кг. шеќер Прочитај повеќе »

Турската баклава потекнува од Газиантеп

Турската баклава потекнува од ГазиантепТрадицијата на подготвување на овој вкусен десерт започнала во далечната 1871 година, во градот Газиантеп, од Хаџи Мехмед Гуллу, познат како Гуллу Челеби, кој бил основач на прочуената турска фирма Гулиоглу.  До 1949 година, оваа фирма била најголемата школа за баклаваџии. Прочитај повеќе »

Руска салата на македонски начин

Руска салата на македонски начинПотребни состојки:

500 гр. варени компири

500гр. варени моркови

300 гр. кисели крставички

250 – 300 гр. грашок (најдобро од конзерва)

300 – 500 гр. шунка (по вкус)

сол, црн бибер ( по вкус)

1 тегла мајонез

Дополнително може да ставите:

200 – 300 гр. кашкавал

4 – 5 тврдо варени јајца

300 гр. димени пилешки гради Прочитај повеќе »

Оригинален рецепт (Салата Оливие)

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ (Салата Оливие)Потребни состојки:

200 гр. варено или печено телешко месо

150 гр. шунка

100гр. варено или печено пилешко месо

5 тврдо варени јајца

5 поголеми компири

4-5 варени моркови

5 кисели крставички

250 гр. варен грашок

мала главица варен карфиол

250 гр. мајонез

лист од першун

неколку мали тркалца кисели крставички и лимон за украсување Прочитај повеќе »

Потекло на Руската салата која се служи традиционално за празници

Потекло на Руската салата која традиционално се служи за празници После падот на Наполеон, во кујната на рускиот царски двор работеле неколку врвни француски готвачи, кои вовеле многу промени во руската кујна, како во поглед на изборот и начинот на подготовка на јадењата, така и во поглед на сервирањето, редоследот на сервирањето на храната на трпезата и изборот на вино. Прочитај повеќе »

Како да го натерате своето дете да јаде брокула

Еве една одлична идеја како да го натерате своето дете да јаде брокула. Подолу е прикажан начинот на кој се подготвуваат вкусните мали проички со брокула.

Прочитај повеќе »

ВКУСНА ИДЕЈА: Овошен јогурт на стапче

Љубителите на овошен јогурт, особено на оној јогурт со многу парчиња сецкано овошје, сега имаат можност да си го подготват дома овој вкусен десерт и да уживаат во неговиот вкус кога ќе посакаат.

Едноставно се подготвува: На стапче се реди омиленото овошје и се прелива со јогурт. Вака подготвеното стапче се замрзнува.

 

Едноставен начин да проверите дали прашокот за печиво и содата бикарбона се употребливи

Прашокот за печиво и кесичката со сода бикарбона имаат долг рок на траење, но сепак имаат рок до кога можат да си ја вршат својата функција. Доколку веќе некое време ги чувате во вашата фиока и конечно дошло време да ги искористите, сигурно сте се запрашале  дали постои можност тие веќе  да се стари. Прочитај повеќе »

Интересен начин да дознаете дали јајцата се свежи

Наполнете еден стаклен сад со ладна вода и ставете во него неколку јајца. На сликата јајцата се дадени во четири положби, од кои може да видиме кое јајце колку е старо. Прочитај повеќе »

Кашичка од компир, морков и пашканат

(од седум месеци)

Состојки: 100 гр. моркови, 50 гр. компири, 1 мал пашканат, 1 лажичка маслиново масло, 2 гр. Сол

Начин на подготвување: Добро измијте ги, излупете ги, исечкајте ги на мали парчиња и сварете ги во вода. Во варењето ставете малку сол и масло. Сè испасирајте, додека јадењето не стане кашесто.

Пире од компир

(од седум месеци)

Состојки: 200 грама компир (еден поголем компир), 1 кафена лажичка путер, 2 грама сол

Начин на подготвување: Компирот исчистен и добро измиен, ставете го да се вари во лаку вода во поклопен сад. Варете додека омекне. Потоа испасирајте го, додадете путер и сол, промешајте и пирето е готово.

Оризова кашичка

(прво јадење)

Состојки: 20 грама ориз, 200 мл. Вода и малку млеко

Начин на подготвување: Водата се загрева на тивок оган, се додава измиениот ориз и се остава десетина минути да се вари со постојано мешање се додека не омекне. Оризот се блендира, се додава малку од водата во која се варел оризот. Може да додадете и малку млеко за вкус.

Совет: Оризот е здрава храна, кој е извонредно хранлив, лесно сварлив, богат е со минерали и витамин Е, витамини од Б групата, има голема содржина на скроб и калиум. Поради неговите лековити својства кои ги признала ѝ научната медицина, оризовата вода е природно средство против пролив, а оризовото брашно зазема важно место во исхрана на доенчињата и децата.

Кашичка од моркови

(прво јадење)

Состојки: 100 гр. Моркови, 1 лажичка масло од сончоглед

Начин на подготвување: Измијте ги морковите, излупете ги и исечкајте ги на мали парчиња и динстајте ги во вода. На крајот додадете го маслото и сè добро изматете во блендер.

Кашичка од благо јаболко

(над 6 месеци)

Состојки: 1 благо јаболко

Начин на подготвување: Излупете го јаболкото, исчистете го и исечете го на мали парчиња, па ставете го во мало тенџере и сипете вода колку да го покрие. Варете го јаболкото додека омекне. Исцедете го јаболкото, испасирајте го и сипете малку од водата во која се варело јаболкото за да добиете течна каша.

Кашичка од печено јаболко

(над 6 месеци)

Состојки: 2 зрели јаболка, 1 кафена лажичка сок од лимон

Начин на подготвување: Јаболките добро измиени, и исчистени од внатре, избришете ги и наредете ги во помал сад за печење. Печете ги додека омекнат. Внимателно излупете ги, испасирајте ги со виљушка, додадете го сокот од лимон и сè добро измешајте. ( Пред печење  може да додадете ѝ малку шеќер во средишниот исчистен дел на јаболкото, но тоа го оставаме по ваш избор).

Кашичка од јаболко и морков

(над 6 месеци)

Состојки: 1 морков, 1 благо јаболко, ½ литар вода

Начин на подготвување: Морковот и јаболкото добро исчистени, измиени, излупени и исечкани на мали парчиња, налејте ги со вода и варете ги во поклопен сад на тивок оган додека омекнат. Потоа исцедете ги, испасирајте ги, додадете ја течноста во која се вареле и изматете каша.

Варена риба на пареа

Во поголем сад ставете вода да зоврие. Врз него поставете цедалка во која претходно сте ја ставиле рибата и поклопете со капак. Варете 15 -20 минути (зависи од големината на рибата). Од варената риба се отстранува кожата и се чисти внимателно од коските, а потоа му се дава на детето во комбинација со зеленчук.

Baby бисквити

Состојки: 100 гр. маргарин, 200гр. пченкарно брашно, 1 банана Прочитај повеќе »

Колач со пудинг и јаболки

Состојки: 4 јаболки, 1 ванилин шеќер, бисквити, 1 прашок за пудинг од ванила, 40гр. Шеќер, 500мл. Млеко Прочитај повеќе »

Кашичка од круша и кајсија

 

( над 6 месеци)

Состојки: 2 средни круши, 5 кајсии, 2 чаши вода

Начин на приготвување: Крушите и кајсиите треба да се исчистат и исецкаат на коцки. Се варат неколку минути, на тивко. Се цеди овошјето, се блендира и кашичката е готова.

Кашичка од телешко

( над 8 месеци)

Состојки: 100 гр телешко месо, се сече на коцки, 1 мал корен целер (излупен и исецкан), 3 моркови (излупени и исецкани), 2 средни компири, (излупени и исечени на коцки), малку кромид

Начин на приготвување: Месото се вари со 1 чаша вода околу 45 минути. Потоа додадете го зеленчукот и оставете да врие додека сè додека не омекне. Оставете го да се олади неколку минути.Ставете го месото во блендер со зеленчукот и матите додека не добиете мазно пире.

Мини пици

minipica

Состојки: 500 гр. брашно, 20 гр. квасец, 200 гр. Пица шунка, 100 гр. Моцарела сирење, 50 гр. Кечап, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка сол, малку бибер

Начин на приготвување: Се замесува тесто од брашното, квасецот (се става на страна во чинија да нарасне со 1 лажичка брашно и 1 лажичка шеќер), 3 дл млака вода и 1 лажичка сол. Се остава тестото на топло да нарасне двапати повеќе. Тестото се премесува се дели на 18 топчиња и се оставаат да стасаат уште 20 минути. Секое топче се формира, се мачка со кечап, се става шунка, малку ситни парчиња сирење, се става малку маслиново масло се посолува. Се редат пиците во подмачкано тавче, се печат на 220 степени, 20 минути.

Брокули со сирење

brokula

Состојки: 3-4 цвета брокула, бело сирење, путер (1 лажица)

Начин на приготвување: Во вода што врие се става брокулата околу 1 минута. Се вади, малку се цеди и се става во тавче каде претходно се растопува путерот. Брокулата се пропржува кратко. Тавчето се тргнува на страна и додека е жешка брокулата се ренда сирење.

Вкусна пита

pita

Состојки: 2 готови кори, 1 јајце, 3-4 лажици млеко, бело сирење

Начин на приготвување: Во мало тавче кое се подмачкува со маслиново масло, 2 готови кори се гужваат и се ставаат во тавчето, врз нив се става маслиново масло (3-4 лажици). Во друг посебен сад се мати јајцето, се додава сирењето (издробено) и млекото. Со оваа смеса се полеваат корите. Се пече околу 15 тина минути.

Мусака со компири

musaka

Состојки: 2 големи компири, 200 гр. Мелено месо, 1 морков, ½ главица кромид, вегета, 1 јајце, ½ павлака, маслиново масло

Начин на приготвување: Компирот се сече на тенки кругчиња, се реди еден слој компири во тавче подмачкано со маслиново масло. Се пржи кромидот со меленото месо и морковот сецкан на кругчиња, се зачинува со вегета по вкус. Оваа смеса се става врз компирите, па се става втор слој од исецканите компири. Се додава малку вода (2-3 лажици) и се пече 15-20 минути на 200 степени, при крај на печењето се става смеса од јајце и павлака. Се пече уште пет минути.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.