Истражување: Спомените до 3 годишна возраст никој не ги памети

Научниците веќе долго време се прашуваат зошто луѓето не се сеќаваат на ништо што се случило пред  да наполнат 3 години. Сигурно како родител сте пробале да го потсетите своето дете за некој значаен настан во неговиот живот, на пример, дали се сеќава на својот втор роденден или дали го памети денот кога тргнало во […]

Придобивки и можни ризици од вагинално породување наспроти повторно породување со царски рез

Породување по природен пат претставува раѓање без потребни медицински интервенции, како на пример, царски рез, епидурална или спинална анестезија, користење лекови за поттикнување на трудови (провокации) и сл. Овие интервенции имаат свое место и причина кога се користат, т.е. се применуваат кога ќе се појават проблеми т.е одредени компликации.

Вагинално породување после царски рез

Во минатото се сметаше дека бремените жени кои првото дете го родиле со царски рез, секое наредно дете ќе мораат да го раѓаат на овој начин, преку кој се добива поголема сигурност и се намалува смртноста на мајката, но како недостаток тука се појавува ограничувањето на раѓање на повеќе од три деца.

Здрав детски развој (18 – 36 месеци)

Децата на оваа возраст се најтемпераментни. Оваа особина која се појавува кај најголемиот број деца во оваа фаза од детскиот развој е нормална појава, но знаејќи го ова,  на родителите не им го олеснува моментот кога детето ќе изгуби самоконтрола кое е проследено со силно плачење и вресок.

Здрав детски развој (12 – 18 месеци)

Како што вашето бебе расте, една од вашите најважни должности е да му помогнете да развие позитивен поглед за себе си. Ова се нарекува самопочит. Кажете му дека Вие го сакате таков каков што е и дека го сакате она што ќе го направи или изработи. Кога успешно ќе направи нешто, наградете го со пофалба, […]

Здрав детски развој (9 – 12 месеци)

Родителите се првите најважни учители на бебето. Кога пеете, зборувате и играте со своето бебе, неговиот мозок ги прави врските кои му овозможуваат да научи да говори, да разговара, да реагира. Кога го тешите вашето бебе, Вие му давате до знаење дека светот е безбеден. Колку повеќе е задоволно бебето, толку повеќе може да научи […]

Здрав детски развој (6-9 месеци)

За ова време вашето бебе ќе почне да се движи. Веќе од 9-тиот месец може да ги започне ѝ своите први чекори. Ваша работа е да го охрабрите вашето бебе да истражува на безбеден начин. Вашето бебе ќе сака вие да го храните, да го држите за рака, да го нишате, успивате, да му помагате […]

Здрав детски развој (3-6 месеци)

При раѓање бебешкиот мозок не е целосно развиен. Бебињата постепено почнуваат да доживуваат различни звуци, мириси, глетки, чувства и допири, така што во нивните мозоци се прават врски кои им помагаат да научат говор. Дружењето со вас и луѓето околу вас, им помага да ги развијат нивните дружељубиви и емотивни однесувања.

Здрав детски развој (0 до 3 месеци)

Во првите три месеци, најважно од сè е вашето бебе да го помине времето со вас. На тој начин му давате до знаење дека е сакано и дека е на безбедно место. Бебето секој пат ќе плаче со причина, може да е гладно, ладно му е, какано е или едноставно сака да ве види.

Совети за родителите за негување на детските заби

Вашето дете расте, а со него расте и грижата за неговите заби. Би било добро секој родител да знае како да се грижи за забите на своите деца. Еве неколку основни совети кои треба да ги практикувате за вашето дете да има здрави и негувани заби:

Апгар тест – прв тест во животот на бебето

Апгар тестот е првиот тест во животот на бебето, со кој се врши испитување на состојбата на новороденчето, врз основа на набљудувања на пет основни функции. Се оценува дишењето, бојата на кожата, срцето, мускулите и рефлексите на бебето.

Распоред на спиење според возраст (1 месец – 3 години)

Ова најверојатно е едно од многуте ваши прашања кои си ги поставувате секојдневно, а се поврзани со спиењето на вашето дете. Подолу објаснуваме колку во просек е потребно детето да спие во текот на 24 часа. Се разбира, секое дете е различно и најпрво тоа самото покажува дали му се потребни  два часа, повеќе или […]

Правилно носење на училишниот ранец

Детето треба да научи правилно да го носи училишниот ранец. Тежината која ја носат децата секојдневно на својот грб е една од најчестите причини за појава на деформитет на ‘рбетот и оштетувања на мускулите околу него.

Во пролет заштитете ги децата од инсекти

Пролетта е годишно време кое е прекрасно за шетање во природа. Сè е зелено, дрвјата и цвеќињата веќе ја имаат покажано својата раскошна убавина, нудејќи мирисна свежина која не плени сите нас и не води на прошетка во парк, на планина, во природа.

Јогата ги подобрува шансите за забременување

Јогата е добра за намалување на стресот. Стресот може да делува на забременувањето и затоа се препорачува за жени кои се подготвуваат за бебе. Смирувачкиот ефект на јогата може да ги подобри Вашите шанси за зачнување.

Влијанието на прекумерната тежина врз зачнувањето

Вашето забременување пред сè зависи од тоа дали вашиот менструален циклус е нормален. Ако циклусот Ви се јавува на секои 28 дена, тоа е повеќе од веројатно дека вашата тежина не влијае на овулацијата и таа нема да им наштети на вашите шанси за забременување.

Како гените влијаат врз изгледот и карактерот на Вашето бебе

Оние парови кои  чекаат бебе, веројатно многупати се обиделе да го замислат своето бебе како би можело да изгледа. Дали ќе биде високо како неговиот татко, дали ќе има кадрава коса како неговата мајка , дали смислата за хумор ќе ја наследи од дедо му, дали ќе има плави или црни очи и сл.

Симптоми кај жените кои ги покажуваат плодните денови

Во текот на менструалниот циклус промени се случуваат во текстурата и конзистентноста на вагиналниот исцедок. Жените со редовен менструален циклус од 28 дена, овулираат околу 14 от ден сметано од првиот ден на последната менструација. Тој ден, јајцето е вовлечено во јајцеводот. Оваа јајце – клетка е жива помеѓу 12 и 24 часа.

Кога се моите најплодни денови?

За да настане зачнувањето, треба да имате незаштитен секс во вистинско време од месецот, т.е. во вашиот најплоден период, кој се вика овулација, т.е кога јајце-клетките  се спремни за оплодување.

Дисциплинирајте ги децата без врискање по дома

Моите момчиња имаат 3 и 5 години, секогаш се чини дека го сакаат она што тие знаат дека не можат да го имаат: колачиња за појадок, цртан филм пред спиење, апостолки (летни сандали) во снежни денови и сл. Кога одговорот во вакви ситуации е неизбежно НЕ, тие почнуваат да плачат и  да „се трескаат од […]

Како да ја подготвите бебешката торба за прошетка

Секогаш носете го со себе она за кое сметате дека Ви е неопходно. Научете што му e потребно на Вашето бебе и немојте секогаш да влечете со себе работи „за секој случај“, бидејќи Вашето рамо најдобро знае како се чувствува кога сте со бебешката торба на прошетка.

Воведување ред во бебешкиот распоред на спиење, јадење и играње

Воведувањето на редовен распоред за спиење, јадење и играње може да го направи животот многу полесен за Вас и Вашето бебе. Но, како да започнете? Подолу, можете да најдете неколку насоки за полесно воспоставување на рутина во бебешките активности:

5 Работи кои морате да ги направите пред породување

Најчесто трудниците пред породување сакаат да бидат активни и да прават многу работи (иако самата бременост не им го дозволува тоа), но постојат неколку важни работи кои секоја трудница треба да ги знае:

Бременост: 20 недела

Вашето бебе сега е долго околу 16 сантиметри, а тешко околу 260 грама. Вие сте на половина пат од вашата бременост! Со помош на стетоскоп гинекологот може да го слушне отчукувањето на бебешкото срце. Тоа чука двапати побрзо од срцето на возрасните. Ако вашето бебе е девојче, во овој период ќе се формира нејзината матка […]

Бременост: 19 недела

Фетусот е долг околу 15 сантиметри, а тежок 200 грама. Нозете на бебето се доволно пораснати и се во пропорција со останатите делови од телото. Почнува да се формира масно ткиво. Веќе можете да го почувствувате движењето на вашето бебе. Неговите движења се нежни и периодични. Оние трудници кои неможат да ги препознаат, ги опишуваат […]

Рецепт за правење машко дете

Сигурно секој има слушнато барем една од различните приказни и претпоставки за одредување на полот на детето. Денес постојат „помодерни обичаи“ , за кои младите парови кои „очајно“ посакуваат машко или девојче ги применуваат тргнувајќи од својата логика: „ Вреди да се обидеш“, „ Сепак, ништо не боли“.

Истражување: За женско дете – повеќе секс, помалку сол

Ако го намалите внесувањето на сол и јадете повеќе мешунки и тврдо сирење, ќе имате поголема шанса да станете среќна мајка на девојче, покажа едно истражување направено на Универзитетот Мастрихт во Холандија. Според истражувачите, вистинската комбинација на храна и добриот тајминг на сексуални односи се од суштинско значење во одредувањето на полот на детето.

Бебешкиот јазик треба да го знаат и родителите

Се повеќе расте бројот на млади родители во Америка кои  употребуваат бебешки знаци при комуникацијата со своето малечко. Многумина сметаат дека ова е неопходно за успешно родителство.

Доење близнаци

Уште за време на бременоста , жените кои носат близнаци постојано се запрашуваат како ќе ги дојат своите бебиња и дали ќе имаат доволно млеко за своите близначиња. Најчесто овие прашања се поставуваат во советувалиштата за бебиња. Во прилог следуваат одговори на овие прашања кои се надеваме ќе ви помогнат полесно да се снајдете во […]

ВИДЕО: Најубавото видео досега кое може само да ве наежи и облее со нежност

Видео кое ќе ве наежи и ќе ве облее со нежност.

Стравот од стоматолог родителите може да го пренесат на своите деца

Родителите кои се плашат од стоматолог треба да бидат воздржани и да не ја покажуваат својата вознемиреност кога го носат своето дете на стоматолог. Татковците се чини дека играат најголема улога во тоа како се чувствуваат децата при стоматолошките посети, се потенцираше при една нова студија во Шпанија.

Развој на изговорот на гласовите

Развојот на гласовите е условен од биолошко-психолошкото созревање на детето и тоа првенствено од созревањето на неговиот ЦНС. Крикот и плачот ја претставуваат првата вокализација на новороденото. Крикот со време се претвора во плач од кој постепено ќе се формираат гласовите. Кога преку плачот и хранењето ќе се создаде лакот на повратната врска меѓу бебето […]

Ново истражување: Мајчиното млеко содржи многу повеќе видови бактерии

Мајчиното млеко содржи повеќе од 700 видови на бактерии, што е многу повеќе отколку што претходно се веруваше. Ова е заклучокот од една нова студија на група шпански истражувачи, кои исто така дошле до сознание дека мајчиното млеко од мајки со прекумерна тежина и мајки кои имале вишок на килограми од препорачаното за време на […]

Медитеранската исхрана ги штити децата од алергија

Медитеранска исхрана во текот на детството може да ги заштити децата од астма и ринитис, се вели во истражувањето во кое учествувале 690 деца на возраст од 7 до 18 години. Според резултатите, грозјето, јаболката, портокалите и морковите заштитно делуваат против тешкото дишење и алергискиот ринитис. Отежнетото дишење се намалува и при консумирање на јаткасто […]

Трудниците што пушат ретко раѓаат момчиња

Трудниците што пушат имаат двојно помали шанси за раѓање машко дете. Ова бил заклучокот при едно истражување во еден Британски истражувачки медицински центар. Била направена анализа на 9.000 трудници, каде се констатирало дека различните хемикалии од цигарите ја спречуваат имплантацијата на машките ембриони во матката. Шансите за машко потомство се намалени дури ако трудницата е […]

Атопичен дерматитис (егзема) кај децата

Што е атопичен дерматитис? Атопичен дерматитис (егзема) е воспаление на кожата кое не е заразно т.е. не се пренесува при контакт со лице со егзема, но е многу проблематично, бидејќи болеста е хронична, а нејзиното лечење е долготраен и комплексен процес.

Бременост: 18 недела

Фетусот е долг 14 сантиметри и тежок околу 150 грама. Иако неговите очи сеуште се доста одвоени, полека го заземаат своето анатомско место, така што лицето на фетусот добива човечки израз. Фетусот сега е многу активен. Рацете и нозете постојано ги движи. Почнува да прави специфични гримаси и изрази на лицето.

Бременост: 17 недела

Фетусот е долг од 11 до 12 сантиметри и тежок околу 125 грама. Бебето продолжува брзо да расте. Нежните влакненца по телото се повеќе се зголемуваат и згуснуваат, а од површината на телото на бебето ќе исчезнат непосредно пред породување. Вашата матка веќе е доволно зголемена и проширена во поголемиот дел од стомакот.

Бременост: 16 недела

Вашето бебе оваа недела е долго 112 милиметри, а тешко 80 грама. Нозете на бебето се подолги од рацете, а прстите на рацете се сосема формирани. Веќе ќе почнете да ги чувствувате движењата на рацете и нозете на бебето, особено ако оваа бременост не ви е прва.

Бременост: 15 недела

Фетусот е долг 100 милиметри, а тежок 50 грама. Вашето бебе веќе е помалку осетливо на разни штетни влијанија и телесни аномалии. Нозете на бебето веќе се доста пораснати, а коските од ден за ден стануваат се поцврсти. Ушите се веќе потполно развиени и полека ја заземаат својата нормална положба на главата. Очите полека се […]

Бременост: 14 недела

Фетусот е долг од 80 до 113 милиметри и тежок околу 25 грама. Фетусот е два пати подолг одколку во седмата недела од бременоста. Сите делови од телото созреваат и се развиваат. Главата која беше највпечатлива во ембрионалната фаза од развојот, веќе не е толку доминантна, бидејќи останатите делови од телото се развиваат пропорционално. Вратот […]

Бременост: 13 недела

Оваа недела фетусот е долг од 65 до 78 милиметри и тежок од 14 до 20 грама. Очите веќе му се добро развиени, но очните капаци сеуште му се затворени. Така ќе останат се до седмиот месец од бременоста. Лицето почнува да му се формира. Цревата до сега беа дел од папочната врвца, а сега […]

Пелтечењето и неговиот развоен тек

Пелтечењето се манифестира само за време на говорот во вид на повторување на почетните гласови, слогови и зборови или во вид на запнување на почетокот од говорот и во текот на говорот. Тоа не е едноставно говорно пореметување, туку синдром на голем број манифестации на соматски, физиолошки, говорно-јазичен, психолошки и социјален план.

Варичела (овча или крупна сипаница)

Што е Варичела? Варичела или уште позната меѓу народот како овча сипаница е акутно заразна болест, која е предизвикана од  варичела – зостер вирусот кој спаѓа во групата на херпес вирусите.  

Алкохолот за време на бременоста го намалува IQ кај децата

Според една нова студија, жените кои пијат неделно по неколку чаши алкохол во текот на бременоста, раѓаат бебиња со понизок IQ . Наодите, исто така укажуваат дека бремените жени чии тела полека го процесираат алкохолот се изложени на поголем ризик, бидејќи може да им наштети  на развојот на мозокот на нивните бебиња.

Стомачните грчеви (колики) кај бебињата

Според статистичките податоци, приближно 20% од бебињата имаат колики т.е.грчеви во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот (кај недоносените деца и подоцна) а својот максимум го достигнуваат околу шестата недела од животот.

ГЕНЕТСКА БОЛЕСТ: Спинална мускулна атрофија (СМА) кај децата

Спиналната Мускулна Атрофија (СМА) е невромускуларно заболување кое се карактеризира со дегенерација на моторните неврони, резултирајќи со прогресивна мускулна атрофија и слабост. Клиничката слика на СМА се движи од смртност кај новороденчиња и деца до нормален живот на возрасен, пропратен со блага слабост.

Прва фаза во бременоста: Прво тромесечие

Бременоста трае 40 недели, поточно неделите се групирани во три тримесечја. Првото тримесечје е период од зачнување до 12 недела бременост, т.е. првите три месеци од бременоста.

Бременост: 12 недела

Фетусот е долг 6 см и тежок 11 грама. До крајот на оваа недела рацете ќе достигнат големина која ќе биде пропорционална со другите делови од телото, додека пак, нозете и понатаму ќе “заостануваат” во својот развој. Прстите на рацете и нозете веќе не се споени со кожичка.

Тестот за бременост направете го правилно

За да го направите што подобро тестот за бременост: Внимателно прочитајте го упатството и придржувајте се кон него. Независно од тоа колку желно го очекувате резултатот, ако е потребна првата утринска урина, почекајте до утрото.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.