Дефектолози - Василка Галевска Јовчевски, М-р по дефектолошки студии и Ана Китановиќ, Дипломиран дефектолог од Центарот за ментално здравје и аутизам ПЗУ КАЛИНКА

Стручни совети и консултации во врска со карактеристиките на нарушувањата, како и компонентите на рехабилитациониот процес:

  • клинички дел (превенција, рано откривање, дијагностика и прогностика, рана интервенција и третман),
  • едукативен дел (воспитно-образовен процес), и
  • социјално-економски дел (права и социјална заштита)
кај лицата односно децата со первазивни развојни нарушувања (во прв ред аутизам), развојни дисхармонии, специфични нарушувања поврзани со академските односно училишните вештини, пречки во психичкиот односно когнитивниот развој, пречки во физичкиот односно телесниот развој и нарушување на слухот и видот.






Совет за рано откривање на нарушувања кај предвремено родени бебиња (Силвана)

Прашање:

Кога треба да се посети дефектолог со цел рано откривање на било какви нарушувања кај предвремено родени бебиња?

Одговор :

Не постои конкретен период, но децата родени со ризик фактор (во кој спаѓаат и предвремено родените деца) треба да бидат детектирани уште во самото породувалиште и понатаму проследени во развојно советувалиште каде што цел стручен тим (во кој има и дефектолог) континуирано ќе го следи развојот на детето уште од најмала возраст и ќе ги воочи промените (доколку истите се пројават).   Доколку тоа не се случи во самото породувалиште тогаш педијатарот на детето (земајќи предвид дека спаѓа во група на деца родени со ризик), ќе го следи истото и штом забележи некоја промена во развојот ќе го упати во развојното советувалиште каде со континуиран ран скрининг и со следење на детето од страна на стручниот тим и во зависност од проблемот кој би можел да се пројави се врши рана интервенција и детекција, навремена превенција и соодветен понатамошен третман.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.