Психотерапевт - Д-р. Ангелина Илиевска, специјалист психијатар, психотерапевт од Центарот за ментално здравје и аутизам ПЗУ КАЛИНКА

Одговара на прашања поврзани со менталното здравје на децата и нивните семејства и психијатриските проблеми и растројства во детството – хиперактивно однесување, однесување со противење и пркос, зголемена анксиозност, стравови, тикови, растојства во психолошкиот развој. Дава совети за нивно навремено препознавање, адекватно справување, потребен третман како и превенција на менталното здравје со насоки за примена на ефективни родителски стилови.






Несекојдневно грчење кај бебе (Ана)

Прашање:

Имам 8 месечен син и во последно време многу ми се стреца, како да се сецка, грчи…не се случува тоа често. Забележав дека тоа го прави кога си ги држи рачињата или држи некој за раце, но не постојано. Инаку е многу хиперактивно дете, лази, скока, си игра…Ќе ве молам за помош, што може да е тоа??? Страшно сум загрижена!

Одговор:

Со оглед на возраста на вашиот син треба да се обратите кај доктор педијатар, каде треба да се направи преглед и веројатно по описот на симптомите во догледно време добро би било да се направи ЕЕГ (со кое се детектира мозочната активност) за кое ке одреди докторот кога, бидејќи мозочната акција сеуште е незрела на таа возраст.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.