Прва фаза во бременоста: Прво тромесечие

Бременоста трае 40 недели, поточно неделите се групирани во три тримесечја. Првото тримесечје е период од зачнување до 12 недела бременост, т.е. првите три месеци од бременоста.

1. Нормални промени во текот на бременоста

Во моментот кога ќе дознаете дека сте бремена ќе ве облеат чувства на радост, возбуда, страв и сето тоа е нормално. Можете да очекувате физички промени на телото: отечени и болни гради, често мокрење, исцрпеност, киселини и мачнини. Прочитајте кои се првите знаци на бременост. Некои од овие симптоми можете да ги намалите доколку повеќе одмарате во текот на денот, за да ги избегнете мачнините, јадете помали оброци (наместо три големи), пијте повеќе течности.

Хормонските промени во телото ќе предизвикаат промена во сексуалниот нагон, а ѝ промена во чувствата поврзани со сексот.

2. Пренатална контрола

Вашата прва пренатална контрола треба да биде помеѓу осмата и десетата недела од бременоста. Треба да посетите гинеколог – акушер кој ќе ве прегледа и даде оценка на разните аспекти на бременоста. Следните рутински контроли би требало да ги правите на секои четири недели се до 32 недела од бременоста.

3. Исхраната во бременоста

Во текот на бременоста јадете добро и здраво. Треба да се определите за храна која е богата со протеини, влакна, железо и калциум. Во просек, во текот на бременоста потребно е да внесувате 200-300 калории повеќе. Се препорачува мрсната храна и слатките да ги замените со млечни производи, но доколку не ги толерирате млечните производи, пробајте со сирење од соино млеко , грав, пченкарни погачици, зелен зеленчук и свежо овошје. Важно е ѝ да внесувате повеќе течности (6-8 чаши вода дневно). Кога се мисли на течности, тука не се вклучуваат кафето, чајот и газираните сокови.

Прочитајте повеќе: Што прашуваат трудниците за исхраната во бременоста.

4.  Витамини и додаток – железо

Витамини: Се препорачува дневно да земате витамини кои содржат барем 0,4 мг фолна киселина. Ова е важно за развој на нервниот систем на бебето.

Железо: Се препорачува дневно да земате по една пилула која содржи околу 50 мг железо. Феро – фумарати и феро – глуконати се полесни за стомакот од феро – сулфатите, но кој од овие препарати да го користите е добар. Добро е железото да го земате со сок од портокал, бидејќи така подобро се апсорбира во организмот. Млекото неповолно делува при апсорпција на железото. Доколку имате тешки мачнини во овој период, внесот на железото заменете го со мултивитамини се додека не ви завршат тегобите.

Калциум: Се препорачува во текот на бременоста да јадете повеќе храна која е богата со калциум (млечни производи). Препорачаната дневна доза е 1500 мг калциум која може да ја внесувате ѝ преку таблети (калциум карбонат или калциум цитрат).

Прочитајте повеќе: Улогата на калциумот во текот на бременоста.

5. Вежбањето во текот на бременоста

Општо, вежбањето во текот на бременоста е безбедно. Внимавајте да не се преморите, чукањето на срцето да не надмине над 140 чукања во минута, интензитетот на вежбањето да биде во темпо во кое можете слободно да разговарате. Имајте во предвид дека вашите зглобови “омекнуваат”, а ѝ вашиот стомак расте, па шансите да паднете се поголеми, затоа внимавајте. Доколку не вежбате, брзото одење (20-30 минути) е одличен начин да останете во форма.

Прочитајте повеќе: Спортски активности за време на бременоста

Ви препорачуваме (посебно во ова тримесечје) да не го правите следново:

  •  Да не пушите или седите предолго во зачадена просторија.
  • Да не јадете свежа риба (на пример суши) или недоволно сварени школки, јајца или месо.
  • Да не ја фарбате косата.
  • Да не седите во када полна со вода или сауна.

Прва недела  

Втора недела 

Трета недела

Четврта недела

 Петта недела

Шестта недела

Седма недела  

Осма недела 

Деветта недела

Десетта недела

Единаесетта недела

Дванаесетта недела

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.