Едноставен начин да проверите дали прашокот за печиво и содата бикарбона се употребливи

Прашокот за печиво и кесичката со сода бикарбона имаат долг рок на траење, но сепак имаат рок до кога можат да си ја вршат својата функција. Доколку веќе некое време ги чувате во вашата фиока и конечно дошло време да ги искористите, сигурно сте се запрашале  дали постои можност тие веќе  да се стари.

Може да се послужите со следниов тест за да ја проверите нивната исправност.

Што се однесува на прашокот за печиво, сè што треба да направите е да додадете ¼ лажичка од прашокот за печиво во половина  шолја со жешка вода. Прашокот за печиво веднаш  ќе се запени ако е сèуште добар за користење.

Истиот метод се користи ѝ кај содата, со тоа што во жешката вода ќе додадете неколку капки оцет (тој ќе предизвика реакција).  Ако не видите мали балончиња со слабо жуборење, тогаш време е да појдете во продавница и да купите нови кесички прашок за печиво и сода бикарбона.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.