Како да го натерате своето дете да јаде брокула

Еве една одлична идеја како да го натерате своето дете да јаде брокула. Подолу е прикажан начинот на кој се подготвуваат вкусните мали проички со брокула.

Потребни состојки:

12 брокули

1 шолја пченкарно брашно

1 шолја бело брашно

250 мл. млако млеко или јогурт

1 лажичка сол, 1 прашок за печиво

1 јајце

200 гр. сирење

Начин на подготовка: 

Сите состојки се мешаат. Брокулата се дели на 12 мали парчиња и се става да врие во веќе жешка вода околу 4-5 минути. Исцедете ја брокулата и оставете да се олади. Во калап намачкан со маргарин или масло се става дел од подготвената смеса, па се става парче брокула и пак се посипува со смесата. Ставете да се печат 30 тина минути на 200 целзусови степени. Изгледаат одлично и навистина се вкусни.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.