Потекло на Руската салата која се служи традиционално за празници

Потекло на Руската салата која традиционално се служи за празници После падот на Наполеон, во кујната на рускиот царски двор работеле неколку врвни француски готвачи, кои вовеле многу промени во руската кујна, како во поглед на изборот и начинот на подготовка на јадењата, така и во поглед на сервирањето, редоследот на сервирањето на храната на трпезата и изборот на вино.

По завршувањето на војната, во цела Русија владеел патриотизам и национализам, кои биле причина старите руски народни јадења повторно да станат популарни и барани по руските ресторани. Француските готвачи морале да се прилагодат и да научат да ги подготвуваат руските традиционални јадења. Додека ги подготвувале, по малку и ги менувале, воведувајќи во старите рецепти некои вкусови од француската кујна, па така набргу настанала една одлична комбинација од руската и француската гастрономија која и денес ги воодушевува вистинските гурмани на добрата храна.

Меѓу француските готвачи кои работеле во рускиот царски двор, посебно се прославил готвачот на Наполеон, Анри Оливие, кој на идните генерации им остави неколку оригинални рецепти. Еден ден на царската трпеза сервирал салата од неколку вида зеленчук и месо, која ја зачинил со мајонез. Салатата ги воодушевила сите присутни, па во негова чест била наречена „салата Оливие“. Познатиот мајстор со големо задоволство меѓу народот го споделувал рецептот за подготвување на ова ново кулинарско ремек-дело.  Салатата станала толку популарна, што немало дом во Русија што не ја правела. Вкусниот специјалитет почнал да се сервира на многу светски трпези, ама со ново име – руска салата, иако во Русија до ден денешен останал називот „салата Оливие“.

Оригинален рецепт (Салата Оливие)

Руска салата на македонски начин

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.