Руска салата на македонски начин

Руска салата на македонски начинПотребни состојки:

500 гр. варени компири

500гр. варени моркови

300 гр. кисели крставички

250 – 300 гр. грашок (најдобро од конзерва)

300 – 500 гр. шунка (по вкус)

сол, црн бибер ( по вкус)

1 тегла мајонез

Дополнително може да ставите:

200 – 300 гр. кашкавал

4 – 5 тврдо варени јајца

300 гр. димени пилешки гради

Начин на подготвување:

Најпрво исецкајте ги киселите крставички и ставете ги во цедалка да се цедат, (за да не ви биде салатата течна). Сите останати состојки исецкајте ги и промешајте. Ставете мајонез и повторно промешајте. Зачинете со сол и црн бибер. Чувајте ја на ладно. Декорирајте по вкус.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.