Турската баклава потекнува од Газиантеп

Турската баклава потекнува од ГазиантепТрадицијата на подготвување на овој вкусен десерт започнала во далечната 1871 година, во градот Газиантеп, од Хаџи Мехмед Гуллу, познат како Гуллу Челеби, кој бил основач на прочуената турска фирма Гулиоглу.  До 1949 година, оваа фирма била најголемата школа за баклаваџии. Еден ден, Мустафа Гуллу ( претставник на 4-тата генерација на Гуллу) одлучил бизнисот да го прошири во Истанбул, каде интересот и продажбата на баклавата пораснал двојно повеќе. Во 1969 година бизнисот го превземал неговиот најстар син, Неџат Гуллу, кој станал вистински господар на баклавата. Неговата главна цел била баклавата да прерасне во светски бренд. Така тој се преселил  во Karaköy во 1976 година, каде отворил продавница која  работи и денес. Набргу почнал да отвора ланец на продавници низ Истанбул. Неговите амбиции не застанале овде, туку во 1996 година поради постојано растечката побарувачка на баклава, отвора фабрика во Hasanpaşa, од каде почнува најпрво да извезува во Грција, за подоцна да почнe да произведува баклава во големи земји низ светот како САД, Либија, Холандија, Канада, Велика Британија и Ирак.

Традицијата на ова семејството трае цели 160 години кое се пренесува и развива преку цели 6 генерации. Денес Компанијата Gulluoglu уште ги негува и штити своите корени …

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.