Рецепт за Баклава од Газиантеп

Рецепт за Баклава од Газиантеп Потребни состојки:

За тестото:

1 чаша растително масло
1 чаша млеко
3 јајца
половина чашка оцет
малку сол
6 чаши брашно
1 пакетче скроб

Фил:

400 гр. мелени ореви
125 гр. маргарин
250 гр. масло

За шербетот:

1.5 литар вода
1.5 кг. шеќер

Подготовка:

Прво се подготвува тестото од горенаведените состојки и се остава да отстои половина час. Подготвеното тесто се дели на четири дела. Од секој дел се одвојуваат по 15 теста во големина на орев. Во тестото со големина на орев се додава скробот и со помош на сукало  се развлекува тестото. Откако ќе се развлечат сите 15 теста, корите се ставаат во тепсија, претходно подмачкана со масло, и се редат една врз друга. Потоа се додаваат измелените ореви. Истата постапката се повторува и за останатите кори. Откако ќе завршат сите  кори, се сечат во коцки/баклави. Потоа се прелива полека со претходно растопено масло. Рерната треба да биде добро зегреана на 220 степени и кога ќе се стави баклавата, температурата треба да се намали на 100-150 степени и да се пече 2-3 часа, додека да добие златно-жолта боја. Додека се лади баклавата,  се подготвува шербетот , кој треба да врие на тивок оган еден час.  Со врелиот шербет се попарува баклавата и вака подготвена треба да постои барем еден ден за да може шербетот добро да се упие.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.