Баклава на македонски начин, традиција за празници

Баклава на македонски начин, традиција за празнициПотребни состојки:

500 гр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер или маргарин (растопен)
200 гр. ореви ( половина мелени, половина сецкани)
80 гр. суво грозје (по желба)

Шербет:
500 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон, 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Намрсете ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4 листа кори. Секоја кора попрскајте ја со растопен путер, пoтоа ставете мешавина oд ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не ги потрошите сите кори. Редењето на корите треба да заврши со 4 кори. Баклавата исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелијте ја со растопен путер на местата каде е исечена и печете ја во загреана рерна на 180° с се додека не добие убава златно-жолта боја. Печената баклава оставете да се олади. Во меѓувреме подгответе го шербетот. Смесата за шербет треба да се вари додека не се растопи шеќерот. Ставете неколку кругови исечкан лимон и малку сок од лимон. Попарете ја ладната баклава со врелиот шербет. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.

На здравје!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.