СЦЕНАРИО: Како се подготвува сарма за Нова година во една фамилија

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или листови од штавеј. Најчесто македонските домаќинки ја подготвуваат за Новогодишните празници и тоа од кисела зелка. Каква еуфорија настанува околу подготвувањето на една празнична сарма по дома, погледнете.

Најпрво, домаќинката цело утро вика по домаќинот да и донесе зелка од бурето и еуфорично ги подготвува потребните состојки за виткање на сармите. Нормално сè се подготвува во поголеми количини, бидејќи се празници.

Домаќинот покрај многуте обврски кои ги има за овој ден, набавка на пијалоци (сите мажи оваа обврска си ја подразбираат како машка и ја извршуваат последниот ден од годината, нормално кога во сите маркети е општи хаос и се чека на каса подолго од вообичаеното) треба уште да ѝ помага на жена си. После неколку последователни остри довикувања од домаќинката, зелката пристигнува на масата.

СЦЕНАРИО: Како се подготвува сарма за Нова година во една фамилија

Домаќинката веќе го подготвила филот (зајрето) за сармите:

50о гр. свински ребра се пржат на една лажичка свинска маст околу 10 тина минути. Дел од нив се вадат од тавата и се оставаат на страна. Во тавата се додава една главица кромид, ситно сецкана и малку лук (може и во гранули). Се пропржува и се додава 500 гр. мелено месо. Се зачинува со сол, вегета и црн бибер по желба. Се додава една лажица црвен пипер и малку доматен сос. На крај, се додава 10 големи лажици ориз. Сè се меша и се остава да се пржи уште 5 минути.

СЦЕНАРИО: Како се подготвува сарма за Нова година во една фамилија

Традиционално сармите се редат во земјена тава. На дното од тавата се става малку ситно сецкана зелка, па се редат сармите, една до друга, малку притиснати меѓусебе….за да не се растурат додека се печат. Во тавата се додава расолот (јувата) или како и да се вика (количински се става додека не се покријат сите сарми), се става малку масло врз сармите и се поросува црвен пипер. Вака подготвените сарми, чекаат на ред за печење, (нормално, нивниот ред е после прасечкото 🙂  )

СЦЕНАРИО: Како се подготвува сарма за Нова година во една фамилија

Вака подготвениот сад се става да се пече во загреана рерна на 160 – 170 ᵒс околу два часа. Првиот час се пече покриено со капак или алуминиумска фолија, а вториот час без капак.

Додека се крчкаат сармите, домаќинот веќе се враќа од „шопингот по течност“ и почнува да создава амбиент. Се подготвува трпезата, се пушта музика, се пие и пее. Почнува славењето….

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.