Прво, па машко во Новата 2013 година

Прво, па машко во Новата 2013 годинаПрвото бебе во 2013 година е родено во 00.01 часот во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Родено е со тежина од 4 килограми и 300 грама и должина од 54 сантиметри. На среќната мајка Јасмина Смилевска ова и е осмо дете по ред. Семејството Смилевски веќе има пет сина и две ќерки.Денес, мајката и бебето беа посетени од премиерот Груевски придружуван од министрите Тодоров и Ристевски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. На првороденото, државата му додели еднократна помош од 60.000 денари.

Покрај традиционалната штедна книшка од 20.000,00 денари од скопскиот градоначалник, Смилевски добија поддршка и од труд и социјала и здравство.

Покрај Филип, на новогодишната ноќ во Гинекологија на свет дошле уште 4 машки и две женски бебиња.

МоеБебе, на сите бебиња родени во Новата 2013 година им посакува здравје и долг живот!

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.