Како се слави Бадник

Како се слави БадникПравославните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадник традиционално се одбележува во сите храмови на МПЦ, а главниот собир е пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Обичаите започнуваат рано наутро кога малите дечиња одат од врата до врата на христијанските домови пеејќи традиционални коледарски песни, каде домаќините ги даруваат со костени, јаболки, бонбони, портокали и ситни парички. На овој ден, домаќинките замесуваат лепче со паричка и подготвуваат посно јадење кое се поставува на трпеза, вечерта спроти големиот христијански празник Божиќ.

Како се слави БадникЦелото семејство се собира на посна богата вечера, на која обичајот вели дека треба да се постават разни јадења за бериќет, за годината да биде богата. Под масата се става бадниково гранче (за кое се верува дека е најздраво дрво), за да бидат здрави сите во семејството. Најстариот домаќин ја благословува трпезата и го врти лепчето три пати, за здравје, среќа и бериќет на целото семејство, го крши лепчето, делејќи на сите присутни, оставајќи дел и за Бога и куќата. На оној на кој ќе му падне паричката, се верува дека ќе го следи среќа и здравје во текот на целата година.

Постои верување и дека младите девојки и момчиња ако го стават првото залче од лепчето под перница со едно мало огледалце, може вечерта да го сонуваат својот иден партнер. После вечерата трпезата не се раскрева, се остава растурена цела ноќ.

Како се слави БадникУтре е Божиќ. Рано наутро ќе започне Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.

Во некои села во Македонија по Богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата, за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е пропратен со песни.

Големиот Христијански празник, Божиќ, се поврзува со со поговорката, „Пред Божик, зад Божик дома да си“, а тоа значи дека треба да се биде дома во кругот на семејството, каде заедно треба да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, Исус Христос.

„ХРИСТОС СЕ РОДИ, ВИСТИНА СЕ РОДИ! ТИМОТ НА МОЕБЕБЕ ВИ ПОСАКУВА ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И БЕРИЌЕТ! ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА Е … 

 

ДЕТСКИ ЗОО ФЕСТ Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.