10 Совети за здрава бременост

zdrava-ishranaГолем број жени не ја планираат својата бременост, туку таа едноставно се случува. Меѓутоа за да ја зголемите шансата да имате здрава бременост, треба да внимавате на својот начин на живеење и да превземете неколку мерки пред забременување.

1. Нормализирајте ја својата телесна тежина

normalna-tezinaДоколку имате зголемена телесна тежина (20 % повеќе од нормалната) постои ризик за појава на дијабетес, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања. Не треба да имате и намалена телесна тежина (10% помалку од нормалната )која значи нередовни месечни циклуси и овулации. Честото варирање на телесната тежина доведува до пореметување на хормоните, а тоа значи дека вашето тело не создава поволни услови за зачнување.

2. Подобрете ја својата исхрана

hranete-se-zdravoИсфрлете ја брзата храна и рафинираниот шеќер, внесувајте повеќе свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки. Неколку месеци пред бременоста земајте доволно количество на фолна киселина (витамин кој е важен за создавање на невралната цевка на детето), која ја има во интегралните житарки и зелениот зеленчук. Важен е и витаминот Е за полесно угнездување на јајце-клетките во матката, го има во семки од сончоглед, чичково масло, пченични никулци. Внесувајте и доволно магнезиум, него го има во соино брашно, ориз, пченични трици, семки од сончоглед, пченичен леб, леќа, ореви и минерална вода збогатена со магнезиум).

3. Одбегнувајте го стресот

Стресниот начин на живеење доведува до нарушувања на хормоналната рамнотежа. Жените кои се изложени на постојан стрес и напнатост често имаат зголемени вредности на хормонот пролактин кој може да ја спречи овулацијата, и да го наруши сместувањето на јајце клетките во матката. Затоа совет – ОЛАБАВЕТЕ СЕ И УЖИВАЈТЕ.

4. Редовно одмарајте и проветрувајте ја просторијата почесто во која спиете

5. Намалете го внесот на алкохол и кофеин

da-ne-pie-alkoholИако една чаша вино нема да ви наштети,најдобро е да избегнувате консумирање алкохол за време на зачнувањето. Пиењето кафе не треба да си го ускратите, само треба да го сведете на минимум, (на пример две шољи дневно).

6. Оставете ги цигарите на време

bremena-so-cigaraИма голем број жени кои иако се спремаат за бременост не сакаат да се откажат од цигарите, мислејќи дека со откажувањето на цигарите ќе го шокираат своето тело. ОВА Е ПОТПОЛНО ПОГРЕШНО. Читај понатаму и дознај колку е штетен никотинот.

Е, па идни мајки, откако ги дознавте штетните ефекти од пушењето, се надеваме ќе добиете силен мотив да го направите првиот чекор и да дадете се од себе за да ги откажете цигарите.
Идните мамички што ќе престанат да пушат:

– Го смалуваат ризикот од абортус, аномалии на плодот, ненадејна смрт на новороденчето, мала тежина на новороденчето, а ќе добијат здраво бебе без никотин во крвта, кој ќе се развива здраво и правилно без дополнителен ризик за пореметување во развојот

7. Појдете кај својот матичен лекар

Направете лабараториски испитувања на крвта и на урината (за белковини и шеќер). Доколку боледувате од некоја хронична болест како астма, длабока венска тромбоза, депресија, дијабет, епилепсија, кардиоваскуларно заболување, висок крвен притисок, бубрежно пореметување, пореметување на тироидната функција, автоимуни заболувања (системски лупус, ревматоиден артрит) треба да добиете насоки од матичниот лекар за понатамошните прегледи што треба да ги направите, се со цел да се намали ризикот од некоја последица при забременување.

8. ПОЈДЕТЕ НА СТОМАТОЛОГ

Направете детален преглед на вашите заби, бидејќи во бременоста доаѓа до почеста појава на кариес, крварење на непцата и други воспаленија.

9. Проверете дали сте вакцинирани против рубеола

Ова морате да го проверите пред да останете бремена, затоа што рубеолата е заразна болест која може многу да му наштети на вашето бебе.

Што е рубеола?

Рубела (Rubeola), ситна сипаница, позната и како црвеница, карактеристична со ситен црвен осип. Најчесто лесно се прележува, со блага клиничка слика. Опасна е за трудници, односно за плодот. Инфекцијата најчесто започнува со блага треска која трае 1-2 дена и отечени лимфни јазли, најчесто во задниот дел на вратот или зад ушите. Следен е осипот кој најпрво се јавува на лицето, па се шири надолу. Осипот може да чеша и трае обично три дена. Други симптоми од оваа болест (најчесто се јавуваат кај тинејџери и возрасни) се главоболка, губење на апетитот, благ коњуктивитис (воспаление на обвивката на очните капаци и очното јаболко), течење на носот, отечени лимфни јазли во другите делови на телото, болка и оток на зглобовите (особено кај младите жени).

Најопасна е рубеолата кај бремена жена која може да предизвика вроден синдром на рубеола, со потенцијално катастрофални последици за развојот на фетусот. Децата кои се заразени со рубеола пред раѓањето, се изложени на ризик за ретардација на растот, ментална ретардација, малформации на срцето и очите, глувост, оштетувања на црниот дроб, слезината, и коскената срж.

Превенција

Рубеолата може да се спречи со вакцинација. Широко распространета имунизација против рубеола е од клучно значење за контролирање на ширењето на болеста, со што се спречува раѓање дефекти предизвикани од Вродениот синдром на рубеола.

Рубеола вакцината не смее да ја примат бремени жени или жени кои може да забременат во рок од 1 месец од примањето на вакцината. Пред да одлучите да забремените, бидете сигурни дека сте имуни на рубеола преку испитување на крвта или доказ за имунизација. Ако не сте имуни, ќе треба да ја примите вакцината најмалку 1 месец пред да забремените.

Бремените жени кои не се имуни треба да избегнуваат секаков контакт со лица кои се болни и треба да се вакцинираат по породувањето, така што тие ќе бидат имуни за време на која било идна бременост.

10. Посетете гинеколог

Рутински преглед е неопходен. Еден ПАП тест може да потврди дека се е во ред и тогаш опуштете се и водете љубов, а другото се ќе си дојде на свое место.

Од друга страна пак, со прегледот може да се откријат проблемите што може да се отстранат пред да забремените (на пр. некоја инфекција, некоја полова болест) кои може да се отстранат (најчесто) со антибиотска терапија.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.