Уредување на детска соба по Фенг Шуи

Уредување на детска соба по Фенг ШуиСобата за спиење е најинтимното место во секој дом, во која можете да се опуштите и смирите. Таа не треба да биде ни премала, ни преголема. Големината на собата не е толку важна по квадратура, туку првиот впечаток кој го остава кога ќе влезете во неа не треба да предизвика чувство дека влегувате во „затка“ соба или пак во „соба-стан“, бидејќи ваквиот впечаток ќе има спротивен ефект врз вашиот надворешен и внатрешен живот. Ако собата изгледа премала, големината можете да ја надоместите со употреба на бледи и придушени тонови. Ако детската соба изгледа преголема, украсете ја со силни и богати тонови за да ѝ дадете чувство на интимност.

Освен кревет, во детската соба треба да има ноќно орманче, орман за облека, столче и мала работна маса.

Која да биде положбата на креветот?

Најпрво и најважно е да ја одредите положбата на креветот. Од местоположбата на креветот зависи каков сон ќе има вашето дете.

Уредување на детска соба по Фенг ШуиПостојат многу положби на креветот што треба да ги избегнувате:

  1. Долниот дел од креветот не треба да биде поставен точно спроти вратата, бидејќи тоа симболизира несреќа,
  2. Не поставувајте ја главата на детето спроти или точно под прозорецот, бидејќи оваа позиција не е безбедна и ќе го изложите детето на провев,
  3. Ако пак, го поставите креветот свртен со долниот дел кон прозорецот, тогаш прозорецот треба да го покриете со завеса или да ставите венецијанер,
  4. Доколку во собата на детето има косина од покривот, не го местите креветот под косината, бидејќи сонот ќе му биде нарушен,
  5. Креветот не го прилепувајте до ѕидот, бидејќи ќе го ограничите станувањето од креветот само од едната страна, а тоа симболизира дека животот ќе го помине самo. Најмалото растојание на креветот од ѕидот не треба да биде помала од половина метар.

Уредување на детска соба по Фенг ШуиНајдобри положби на креветот се :

  1. Креветот кога не е во конфликт со влезната врата. Тоа значи, кога ќе влезете во собата креветот треба да биде поставен од десно (лево), со доволно простор за приоѓање од двете страни,
  2. Креветот да биде поставен на истиот ѕид на кој се наоѓа и влезната врата,
  3. Креветот да биде свртен бочно, (поставен како на сликата),

 Поставување на мебел во детската соба

Мебелот мора да биде поставен во хармонија со креветот. Кога вашето дете ќе лежи на креветот, не треба да ги гледа острите агли од орманот. Ако сакате да закачите огледало во собата, не го поставувајте спроти прозорецот или не треба да биде во положба од која детето ќе може да се гледа додека лежи. На овој начин се нарушува мирот и одморот. Најдобро е да нема огледало, телевизор или некој друг електронски уред  во детската соба, бидејќи спиењето со вклучен телевизор или поминување многу време пред телевизискиот екран пред спиење, може да предизвика ментална депресија кај детето.

Избор на бои

Според техниката на Фенг шуи многу важен е ѝ правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот.

Сина боја

Сината боја на просторот му дава мир, го намалува стресот и напнатоста. Доколку се одлучите за оваа боја, таа ќе има смирувачки ефект врз детето и полесно ќе може да заспие. Исто така ја поттикнува мудроста и делува позитивно врз учењето. Користете светли тонови од оваа боја.

Виолетова боја

Виолетовата боја ја поттикнува духовната свесност и затоа најчесто се поврзува со медитација. Оваа боја во Фенг Шуи означува боја на кралствата. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.

Розева боја

Розевата боја е смирувачка нијанса на црвена боја, се нарекува уште и женствена боја. Малите девојчиња ја обожаваат, бидејќи во нив ја буди сета нежност, романтика и разиграност, па затоа е поволна за детски соби.

Жолта боја

Жолтата боја дава топлина и живост во просторијата. Кај детето ќе побуди добро расположение, ја зголемува комуникативноста кај детето. Жолтата боја е идеална за мали детски соби, бидејќи визуелно може да ја направи поголема.

Зелена боја
Зелената боја ја зголемува самодовербата и релаксира. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.

Портокалова боја

Портокаловата боја носи среќа и го оживува просторот. Оваа боја е одличен избор за детска соба. Претставува симбол на здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.