Лошата диета причина за создавање на камен во жолчката

Лошата  диета причина за создавање на камен во жолчкатаДоколку сте одлучиле да држите некоја диета, пред да ја започнете информирајте се дали може да имате последици по вашето здравје. Диетите со Јо-Јо ефект може да предизвикаат појава на камења во жолчното ќесе. Ова го докажа една студија направена во САД во која беа вклучени речиси 25.000 мажи, кои во период од 10 години честопати губеле, па потоа набрзина ја враќале назад својата тежина.

Ризикот од појава на жолчни камeња бил далеку повисок од онаа група на мажи кои имаат константна тежина. Оваа студија била надоврзување на претходните студии во кои учествувале жени, каде се заклучило дека јо-јо ефектот, брзото губење на килограмите, како и гојазноста се ризични фактори  за појава на камен во жолчното ќесе. Доколку брзо ослабнете и повторно почнете да ставате на тежина, во вашето тело се таложат маснотии кои го зголемуваат ризикот од појава на камења во бубрези.

„ Значи циклусот на брзо губење и повторно зголемување на телесната тежина се поврзани со процесот на создавање жолчни камења”, вели лидерот на студијата д-р Чунг Jyi Tsai, гастроентеролог на Универзитетот во Кентаки Медицинскиот центар.

Еден од најдобрите начини да се избегне појавата на камен е спречување на зголемување на телесната тежина. Најважно за оние кои веќе се гојазни, вишокот на килограми да го намалуваат постепено и без прескокнување на  оброци. Кога се прескокнува оброкот се создава контракција во жолчното ќесе, која помага да се создадат камења.

Идеално темпо за губење на тежината е од 720 грама до 2,5 килограми месечно, вели Michael Leitzmann, експерт за жолчни камења, кој беше вклучен во студијата. Само 20% од пациентите се свесни дека имаат камења во жолчното ќесе, изјави Leitzmann.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.