Како да дизајнирате детска соба за девојчиња

Како да дизајнирате детска соба за девојчињаСпалната соба за девојчиња обично се комбинира со елегантни дизајни и нежна комбинација на бои. Доколку сами ја дизајнирате спална соба за вашата ќерка, треба  да ги земете во предвид нејзиниот вкус, кој во согласност со нејзината возраст треба да создадете уникатен ентериерски стил.

За многу девојчиња розовата боја е симбол на нежноста. Оваа боја тие ја поврзуваат со бајките за  принцези или популарната Барби и скоро секое девојче сака елегантна розова спална соба.

Ако правите класична соба која ќе содржи само розова боја, комбинирајте со класичен мебел. За да биде модерна собата, може да ја комбинирате розовата боја со други светли бои како зелена, сина и виолетова нијанса. Една боја не е доволна за  да се дизајнира уникатна и модерна спална соба. Мора да има контраст на бои за да собата изгледа прекрасно.

Девојчињата обично сакаат огледало, некоја инспиративна слика и убаво осветлување. Оние девојчиња кои одат на балет или танц, дизајнот на собата треба да биде многу едноставен, како балетско студио. На еден ѕид поставете само огледало и закачалка на која ќе бидат ставени нејзините балетски чевли.

Ако говориме за  тинејџерска соба, помина тоа време кога сите ѕидови во собата на младите беа залепени со постери . Денес, речиси сите тинејџери сакаат чисти соби со едноставна тема.  Најчесто сакаат собата да им личи на плажа, па затоа како омилени бои за оваа тема ги бираат сините нијанси за вода и тен боја за песок. Може да вметнете некој тапет со  океански бранови, галеби или зајдисонце. Ламбите можат да бидат во форма на школки.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.