Најкористени зачини на нашето поднебје

Бибер: Јак зачин со остар мирис, кој се користи во зрно или мелен. Белиот бибер е поблаг отколку црниот. Се додава во маринада, салати од морски плодови, салати со месо, зеленчук, жито и разни

Најкористени зачини на нашето поднебје

Црвен пипер (алева пиперка): се прави од лута или блага пиперка. Во кулинарството најчесто се користи мелен при подготвување на чорби (во вид на запршка), кисела зелка и сосови. Богат е со витамин Ц и каротин.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Бел лук: расте во главица, која е составена од повеќе чешниња. Се одгледува во Централна и Јужна Европа. Поради силниот мирис (за некој непријатен 🙂 ) се користи во мали количини. Се додава во таратор салата, печени пиперки, разни сосови и салата од риба. Делува антисептички, се користи против настинка, кашлање и бронхитис, инфекции во органите за варење. Ги прочистува крвните садови и го намалува крвниот притисок.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Целер: Како зачин се употребува ѝ коренот ѝ листот. Се додава во супи, чорби, салати. Одлична салата од целер: свеж изрендан целер во кој се додава кисела павлака и ораси. Целерот содржи најмногу витамин Ц, потоа сите витамини од групата Б, каротин и витамините К и Е. Ги ублажува реуматичните тешкотии и го намалува крвниот притисок.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Кромид: Основен зачин во македонската традиционална кујна, богат со витамин Ц. Се става во повеќе видови салата, чорби, јадења со месо, сосови, преливи.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Ловоров лист: Потекнува од Медитеранот, има ароматичен вкус, се користи исушен како додаток во некоја маринада за риба или месо.  Се додава ѝ во салати од печурки, но во мали количини. Ја намалува подуеноста на стомакот.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Рузмарин: Билка од Југоисточна Европа, која се користи свежа или сува. Има интензивен мирис и затоа се користи во мали количини. Тоа е зачин за салата, месо, пилешко и риба. Делува стимулативно на крвотокот и варењето.

Најкористени зачини на нашето поднебје

Магдонос: Најпозната билка која најмногу се употребува кај нас. Најчесто се додава во салати, каде дава пријатен вкус, но се користи ѝ за декорација на салати. При подготовка на чорби, најдобро е да се додаде при крајот на варењето, за да се зачуваат витамините кои ги содржи (витамин А, Б1, Б2, Ц и Е). Го намалува притисокот, одличен диуретик е (забрзано ги исфрла вишокот на течности од организмот), ги ублажува болките особено менструалните.

Најкористени зачини на нашето поднебје

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.