Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ -Сообраќајци на дело

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ -Сообраќајци на делоУчениците од ООУ “Јан Амос Коменски ” од Карпош учеа сообраќајна култура на дело. На покана од директорката на училиштето Емилија Арсовска и наставниците од второ одделение, двајца сообраќајни полицајци, од ПС „Карпош“, Боби и Јасмина, дојдоа и разговараа со учениците во врска со сообраќајните правила и регулативи. Веднаш потоа, сите заедно, се упатија на крстосницата кај Skopje Cıty Mall. Таму ги очекуваше вистински метеж од автомобили, каде можеа да ја забележат сообраќајната култура на дело и колку неа ја почитуваат нашите сограѓани.

Полицајката Јасмина беше задолжена за регулирање на сообраќајот на крстосницата. Учениците внимателно ја следеа, додека таа ја демонстрираше својата стручност справувајќи се со сиот тој сообраќаен „хаос“ околу овој најфреквентен трговски центар. Поучени од оваа едукативна пракса, основците усвоија уште една важна лекција од областа на сообраќајните правила и културата на возачите и пешачите.

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ -Сообраќајци на дело

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ -Сообраќајци на дело

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ -Сообраќајци на дело

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.