Бебешкиот јазик треба да го знаат и родителите

Бебешкиот јазик треба да го знаат и родителитеСе повеќе расте бројот на млади родители во Америка кои  употребуваат бебешки знаци при комуникацијата со своето малечко. Многумина сметаат дека ова е неопходно за успешно родителство.

Научно е докажано дека употребата на знаци ја намалува фрустрацијата кај бебињата, бидејќи тие им помагаат полесно да ги искажат своите потреби и желби пред да проговорат. Порано бебешкиот јазик го користеле само детските психолози, но во последните неколку години, родителите во САД почнуваат масовно да посетуваат обуки, да користат книги и онлајн програми за учење на бебешкиот јазик, така што експертите почнале да се прашуваат  дали родителите учењето на бебешките знаци навистина почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Мајките се целосно збунети, многу од нив мислат дека таквите обуки се неопходни за успешно родителство и нормален развој на бебето.

Ви пренесуваме една од сцените на вообичаените обуки: Предавачот Робин Гејтс става три машки бебиња во нивните столчиња и почнува учењето. Предавачот им се обраќа на бебињата, прашувајќи ги дали може да кажат благодарам. Едно од бебињата ја испружило раката и сакало да ја допре устата на предавачот. Ова е комуникација. Гејтс вели дека доволно е да започнете да комуницирате со неколку знаци: „Кога ќе се каже Јеее “и  бебето почне да плеска со рачињата, тоа е знак дека е среќно.

Meri Benson Mekmulen, предавач со 30 годишно работно искуство на Универзитетот во Индијана, вели дека бебињата веќе неколку недели по раѓањето, разбираат многу зборови кои ги слушаат околу нив.

„На шест месеци, тие учат се повеќе и повеќе зборови, и по една година веќе знаат стотици зборови”, вели Mekmulen.

Бидејќи повеќето деца не зборуваат јасно до втората година од животот, знаковниот јазик за таа возраст е многу важна.

Бебињата користат знаци за зборови (покажува со рачето, замавнува со главата, имитира, повторува) кога се гладни, се изморени или им се спие. Овие знаци добро е да ги знаат родителите, бидејќи ќе им помогнат полесно да го разберат своето малечко. Најдобро е да ги учите знаците преку забава и игра, така полесно ќе се раберете.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.