Се чувствувам поразлично од вообичаено, да не сум бремена?

pregnant_bed

Кои се првите знаци на бременост?

Многу идни мајки, кои се подготвуваат за бременост, најчесто се опседнати со прашањето: Дали сум бремена?

Иако постојат разни симптоми и показатели кои укажуваат на бременост, не треба веднаш да мислите дека сте бремена. На овие показатели треба да се обрне внимание, но само врз основа на нив бременоста не може со сигурност да се потврди.

Женската интуиција некогаш е многу силна, па некои жени уште само неколку дена по зачнувањето можат да почувствуваат дека се бремени, но најчесто таа интуиција ве опседнува да мислите дека секој симптом кој ви се јавува е вест дека сте бремена. За среќа во денешно време постојат во аптеките голем број на тестови со кои може да се потврди бременоста. Овие тестови се сега многу посигурни и едноставни за употреба, така да преку нив може да се установи присуството на хормонот ХЦГ (хуман хорионски гонадотропин) во урината.

Кои се првите симтоми на бременост?

  1. Напнатост и чувствителност на градите
  2. Умор
  3. Изостанок на менструација
  4. Лошење и повраќање
  5. Често уринирање
  6. Вагинално крварење
  7. Зголемена чувствителност на мириси
  8. Тест за бременост

1. Напнатост и чувствителност на градите

napnatost i cuvst.na gradi

Хормоналните промени во текот на бременоста предизвикуваат зголемен крвен проток и промени на ткивото на градите, што доведува да ги почувствувате градите отечени, болни и чувствителни на допир. Најчесто жените овие најрани симптоми ги истоименуваат со оние во пред менструалниот циклус. Чувствителноста на градите се јавува околу 4-6 недела од бременоста и трае во текот на првото тримесечје.

Во траење од околу 8 недели твоите гради почнуваат да растат, па можат да се зголемат дури и до три броја, а особено ако ви е прва бременост. Кожата на градите се тегне со нивното растење, па можат да се јават стрии. Ареолата (пигментираниот дел околу брадавицата) почнува да потемнува и проширува. На ареолата ќе се појават и ситни испупчувања, мали жлезди кои почнуваат да лачат кремаст, густ слуз. Долго се верувало дека ареолата служи само за потпомагање на дојките за време на доењето, но денеска се верува дека тие жлезди имаат посебен мирис кој му помагаат на бебето полесно да ја најде дојката.Овој мирис воедно и го смирува бебето во текот на доењето.

2. Умор

umor

Ќе почувствувате дека полесно се уморувате и исцрпувате при извршување на секојдневните обврски. На почетокот на бременоста никој со сигурност не може да потврди зошто наеднаш се појавува поспаност и зголемен умор, иако вашето тело сега почнува да произведува повеќе крв, срцето повеќе се напрега, нивото на хормонот прогестерон расте, телото почнува на друг начин да ја користи водата, белковините, јаглехидратите и мастите.

3. Изостанок на менструација

Доколку имате редовен менструален циклус, доцнењето на менструацијата е доволен показател дека сте бремена, но доколку имате нередовен менструален циклус, ви доцни повеќе од две недели и почнете да чувствувате некои од наведените симптоми, направете тест за бременост.

4. Гадење и повраќање

gadenje i povrakanje 1

Прво што ќе почувствувате е дека ве боли стомакот, дека желудникот лошо ви ја вари храната, може да чувствувате гадење и одбивност на храна, ова е показател за да направите тест за бременост или да посетите гинеколог.

5. Често мокрење

Повеќето трудници, често одат во тоалет во првиот и последниот триместар. Во првиот триместар матката почнува да расте и да притиска врз мочниот меур, па тоа е една од причините зошто трудниците мократ често. Трудниците мораат да внесуваат доволно количество на течности (најмалку 8 чаши дневно), за да не дојде до воспаление на уринарните органи, организмот мора да се чисти постојано од отпадните материи.

6. Вагинално крварење

Некои жени имаат мало вагинално крварење околу 11 или 12 дена по зачнувањето. Зголеменото ниво на крв во матката каде веќе е оплодена јајце-клетката, може да доведе до мало крварење кое е безопасно и може да трае 1-2 дена, но препораката е веднаш да се консултирате со лекар.

7. Зголемена чувствителност на мириси

pregnant_c

Ако почнете да реагирате на мирисот на утринското кафе или мирисот на вашиот омилен парфем, значи можеби сте тазе бремена. Хормоналниот панаѓур во вашиот организам задава промена на вкусот на храната, која е најизразена во првото тримесечије.

8. Тест за бременост

test za bremenost

Современата медицина на пазарот ни донесе голем број домашни тестови за бременост кои се едноставни за употреба, даваат веднаш резултати врз основа на присуството на хормонот ХЦГ (хуман хорионски гонадотропин) во урината. Ако тестот се изведе правилно, може уште на првиот ден од изостанокот на менструацијата (14 дена по зачнувањето) и тоа во рок од пет минути, да се добијат резултати.

Па, Идни мајки – СРЕЌНО!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.