Истражување: За женско дете – повеќе секс, помалку сол

Истражување: За женско дете – повеќе секс, помалку солАко го намалите внесувањето на сол и јадете повеќе мешунки и тврдо сирење, ќе имате поголема шанса да станете среќна мајка на девојче, покажа едно истражување направено на Универзитетот Мастрихт во Холандија. Според истражувачите, вистинската комбинација на храна и добриот тајминг на сексуални односи се од суштинско значење во одредувањето на полот на детето.

Доколку мајката сака да роди девојче, треба да го намали внесувањето на храна богата со сол и калиум, како што се: маслинки, сланина, салами, димен лосос, компири, месо, леб, банани и тестенини. Храната богата со калциум и магнезиум е најдобра, ако сакате ќерка,  а тоа значи ќе јадете повеќе: јогурт, тврдо сирење, спанаќ, тофу сирење, бадеми, овес, брокули и портокали. Големи количини на магнезиум има во ореви, интегрални житарки, смокви и грав. Научниците исто така велат дека шансите за ќерка се уште поголеми доколку двојката има редовен секс, но не и во деновите непосредно пред или веднаш по овулацијата.

Овие заклучоци научниците ги достигнаа по анализата на податоците собрани за време на петгодишната студија. Во студијата биле вклучени 172 жени од Западна Европа, на возраст од 23-42 години, кои веќе имале синови и сакале да родат ќерки. Тие дополнително биле советувани да го намалат внесувањето сол и секојдневно да консумираат барем половина литар млеко или млечни производи. 80 проценти од овие жени родиле девојчиња. 🙂

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.