Спанаќот како превентива за многу болести

Спанаќот како превентива за многу болестиДоколку редовно го консумирате, спанаќот може да го обезбеди Вашиот организам со многу витамини, минерали и растителни влакна кои помагаат и се одлична заштита од различни болести.

Борец против ракот

Витамин А и Ц, влакна, фолна киселина, магнезиум и 13 различни флавоноиди кои ги содржи спанаќот, може да помогнат во борбата против ракот, особено дебелото црево, белите дробови и рак на дојка. Истражувањата покажаа дека го намалува ризикот од рак за 34%.

Намалува висок крвен притисок

Спанаќот е богат со калиум и сиромашен со натриум. Соодносот на овие минерали е важен за крвниот притисок, бидејќи калиумот го намалува крвниот притисок, а натриумот го зголемува. Фолната киселина, исто така помага да се намали хипертензијата, ги опушта крвните садови со што се одржува правилен проток на крв.

Добар е за коските

Доколку изедете 200 грама свеж спанаќ, ќе внесете речиси 200% од дневната препорачана доза на витамин К. Витаминот К1 помага да се спречи прекумерна активација на остеокластите, клетки кои ги разградуваат коските. Претставува богат извор на калциум, па затоа се препорачува на луѓе кои страдаат од остеопороза. Другите минерали кои се присутни во спанаќот (манган, бакар, магнезиум, цинк и фосфор), исто така, може да помогнат во изградба на јаки коски.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Витамините А и Ц присутни во спанаќот, работат како антиоксиданси каде спречуваат холестеролот да оксидира (доколку оксидира холестеролот тој се лепи на ѕидовите на крвните садови). Спанаќот, исто така содржи холин и инозитол, материи кои ја спречуваат атеросклероза или задебелување и стврднување на артериите. Спанаќ е одличен извор на фолна киселина, за која се верува дека го намалува хомоцистеинот (амино киселина во крвта) во крвта. Зголемено ниво на хомоцистеин се поврзува со кардиоваскуларни болести. Фактор C0-Q10, антиоксиданс присутен во спанаќот, игра важна улога во зајакнувањето на мускулите, особено на срцевиот мускул кој постојано пумпа крв до сите делови на телото.

Дијабетес

Магнезиумот од спанаќот помага да се спречат некои компликации кои се јавуваат при дијабетес. Редовното консумирање на спанаќ го стабилизира шеќерот во крвта и ја спречува неговата флуктуација.

Го намалува ризикот од анемија

Варениот спанаќ е одличен извор на железо, чиј дефицит во организмот е поврзан со анемија. Железото кое се наоѓа во спанаќот е исто така добар за деца, адолесценти и жени кои имаат зголемена потреба за железо.

Го штити видот

Лутеинот, кој се наоѓа во спанаќот е заштита од катаракта и други проблеми поврзани со макуларна дегенерација. Спанаќ е исто така многу богат со витамин А, што го прави корисен за слаби очи. Зексантин, уште еден каротеноид кој се наоѓа во спанаќот, го зголемува нивото на макуларна пигментација во очите. Доколку пиете два пати дневно сок од спанаќ, може да Ви помогне за подобрување на видот.

Штити против стареење

Спанаќот штити против стареење и дава младешки изглед. Спанаќот помага да се зачува меморијата.

Ја штити кожата

Витаминот Б присутен во спанаќот помага во одржувањето на кожата цврста. Спанаќот, исто така  ја штити кожата од штетните зраци на сонцето, вклучувајќи ги УВ зраците. Ова го намалува ризикот од рак на кожата и прави да имате здрава кожа.

Одличен е за бремени жени

Фолната киселина која се наоѓа во спанаќот е потребна за фетален раст и правилен развој на новиот нервен систем. Спанаќ, исто така, помага во развојот на фетусот, белите дробови и се препорачува за време на доењето.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.