Зошто е 8-ми март Ден на жената?

Зошто е 8-ми март Ден на жената?Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење.

Во 1908 година во Њујорк имало штрајк. Работниците биле затворени во една фабрика, во која избувнал пожар, во кој животот го загубиле 129 жени. Во знак на сеќавање, по една година во Њујорк за прв пат бил одбележан осми Март, а во 1910 година во Копенхаген, на втората меѓународна конференција на жените било договорено дека еден ден во месец март, ќе се одбележува како ден на борба за правата на жените. Најпрво за Прв Меѓународен ден бил прогласен 19 Март. Но, веќе на Втората меѓународна конференција било одлучено тоа да биде 8-ми Март, ден на жените.

Денес, 8 март е државен празник само во малку земји, како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам и Кина. A, Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.