Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Денес е 8-ми Март, денот на жената. Секоја сакана жена заслужува цвеќе. Сигурно се прашувате кое цвеќе да го подарите?

Цвеќето се разликува според боја и вид. Бојата на еден цвет има симболика без оглед на видот на цветот. Тоа значи: виолетовата боја симболизира нежност, сината боја симболизира верност, имагинација и мечтаење, додека пак,  портокаловата, гордост и енергија. Белата е симбол на невиност и чистота, црвената е симбол на љубов, оган, живот и убавина, зелената боја значи разбирање и сочувство, жолтата симболизира љубомора, но, исто така ѝ радост. Се разбира, секој вид на цвеќе одделно, во комбинација со бојата на неговата симболика се разликува, затоа што покрај бојата и секој вид на цвет има своја симболика.

Ружи

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Ружите се цвеќиња кои најчесто се поклонуваат за 8-ми Март. Црвената ружа симболизира страст и љубов. Најчесто ја поклонуваат вљубените партнери. Подарена во некоја друга пригода, црвената ружа означува благодарност и задоволство. Белата значи чистота, искреност и безгрешност. Жолтите ружи, од една страна се симбол на радост, а од друга страна, благодарение на традиционалните верувања, се симбол на неверство и љубомора. Портокаловата ружа е симбол на страста и вљубеност, а пурпурната ружа означува љубов на прв поглед. Темно виолетовите ружи, поради својата ексцентрична боја, симболизираат желба за единственост и издвојување. Најчесто овие ружи ги подаруваат оние партнери кои сакаат на својата партнерка да и пренесат порака: „ Ти си единствена моја“. Сините ружи се добиваат на вештачки начин и затоа се симбол на невозможното.

Кога жената му поклонува црвена ружа на мажот, тоа симболизира лојалност.

 

 

Орхидеи

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Орхидеите, генерално симболизираат желба за успех и уникатност. Овој нежен цвет праќа љубовна порака, префинета женска убавина, романтика, еротика и желба за интимност. Во некоја друга пригода, орхидеите често се подаруваат на некој близок (мајка, баба…) кој лежи во болница со желба за брзо закрепнување. Исто така, можете да ги подарите некому кој сакате да успее во својата кариера. Едно истражување покажало дека има помеѓу 25.000 и 30.000 видови на орхидеи.

 

 

Нарцис

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Нарцис значи самовљубеност, но исто така е ѝ симбол на раѓањето, будење, нов почеток. Може да го подарите ова цвеќе на жена кога ќе роди дете.

 

 

 

 

 

 

 

 

Лилјан

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Лилјанот е симбол на бескрајна убавина, радост, чистота, бесмртност и спас. Ова цвеќе често се користи на свадби, каде според библиската традиција го симболизира изборот на својот љубовен партнер. Белиот Лилјан е поврзан со невиност и чистота, жолтиот, со лага и измама, додека пак, виолетовиот симболизира враќање на среќата.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.