Јапонски грант за реконструкција на градинката „Пролет“ во населба Козле

Јапонски грант за реконструкција на градинката „Пролет“ во населба КозлеНа 11.03.2013 (понеделник), во просториите на Јапонската канцеларија за врски, Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски потпиша договор за добивање на грант во износ од 57.203,00 евра (67.000 евра со ДДВ) од Владата на Јапонија. Овие средства ќе бидат наменети за целосна реконструкција на градинката “Пролет”, која се наоѓа во населбата Козле.

Градинката е изградена во 1977 година и оттогаш па до денес, не се преземени никакви посериозни зафати за подобрување на условите за децата кои ја посетуваат оваа градинка. За таа цел, сите средства ќе бидат наменети за промена на сите дрвени прозорци и врати со ПВЦ, како и тоалети, се со цел децата да учат во услови какви и заслужуваат. Општина Карпош ќе одвои средства од својот буџет за подобрување на изолацијата и со тоа овој објект ќе стане енергетско ефикасен. Реконструкцијата на овој објект ќе започне веднаш по префрлање на грантот- средствата од Јапонската Влада, кои се очекува да се изврши во април 2013 година.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.