Дисциплинирајте ги децата без врискање по дома

Дисциплинирајте ги децата без врискање по домаМоите момчиња имаат 3 и 5 години, секогаш се чини дека го сакаат она што тие знаат дека не можат да го имаат: колачиња за појадок, цртан филм пред спиење, апостолки (летни сандали) во снежни денови и сл. Кога одговорот во вакви ситуации е неизбежно НЕ, тие почнуваат да плачат и  да „се трескаат од земја“.Тие очигледно не можат да разберат дека гледањето цртани филмови до доцна навечер е една од причините за нивната утринска поспаност и дека следниот ден, навистина ќе бидат чудни.

Како од едно барање за гледање цртан филм, доаѓа до врискање за само неколку секунди? Многу родители сигурно реагираат, како и јас, со викање. Ако никогаш  досега не сте им свикале на Вашите деца, најверојатно сте еден од ретките.

Според една студија, 89% од родителите се пријавиле дека го прават тоа, викаат по своите деца. Сепак, сите потврдиле и дека не се чувствувале добро во таквите крик ситуации. Всушност, возрасните може да се чувствуваат виновни, но кога би сакале тие, би можеле да се справат со ситуацијата на подобар начин.

Според психолозите, овие побарувања и реакции кај децата се нормални , но ако родителот  викањето го користи како главна форма на дисциплина, тоа може да го намали чувството за безбедност и самодоверба кај детето. Ако имате добар повод, викањето нема да му наштети на детето, но сепак тоа не е добра стратегија за добивање на добро однесување. Врискањето е страшно, бидејќи го активира емоционално детето, кое секогаш си вели: дали да се борам докрај или да бегам од мама/тато.

Ако јас му се развикам на моето дете, тоа нема да запре да го прави тоа што го наумило, бидејќи очигледно не ме разбира тоа што го кажувам. Моето искуство покажува дека ако викам по децата, тие тоа го учат од мене и кога се вознемирени и тие тоа го прават, ВРИСКААТ. Ако сме смирени, тие учат да бидат смирени. Најдобро е родителот да научи да се контролира однапред и секогаш да знае во дадена ситуација како да реагира.

Еве неколку решенија за некои од најчестите „ситуации“:

Дисциплинирајте ги децата без врискање по домаБорба за власт

Вашата ќерка сака колаче за појадок, а Вашиот одговор е: НЕ. Таа веројатно вака размислува: “Ако јас плачам и врискам, можеби мама ќе попушти” . Ако Вашата ќерка е упорна во она што го бара, особено на начин  кој Вас целосно ќе ве извади од такт, Вие сигурно ќе ја изгубите контролата и завршувате со викање на детето. Родителите секогаш  ја губат битката кога детето го руши нивниот авторитет (прават работи кои знаат дека на крајот мама ги одобрува или ја игнорираат мама во целост). Во ваква ситуација родителот останува беспомошен. Кога ќе се најдете во ситуација како врискате, тоа е обид да ја вратите контролата врз ситуацијата, поточно се борите со Вашата ќерка за превласт во моментот. Колку и да изгледа ова смешно, на крајот завршува со плачки и нејадење.

Решение на ситуацијата:

Наместо да се фокусирате на победа или губење на оваа битка со Вашето дете, обидете се да работите заедно за да се најде подобро решение. Прво, наведете едноставно („Ние немаме колачиња за појадок“). Потоа понудете неколку избори („Дали сакаш да јадеш јогурт со житарки?“). Ова ќе направи Вашата ќерка да се чувствува како таа да има контрола над ситуацијата.  Ако тоа не функционира, може да се обидете со хумор. Во моментот заиграјте некој танц од ведро небо, тоа ќе биде само трик за одвлекување на умот на Вашето дете и тогаш сте ја неутрализирале ситуацијата.

Секогаш доцните некаде

Најтешкиот дел од денот за многу мајки е кога треба да ги подготви децата за излегување, т.е. за шетање. Вие едноставно ги молите да се облечат и да ги стават нивните чевли, а тие Ве игнорираат. Конечно сте подготвени да одите, тие трчаат надвор и едноставно Ви се губат од вид за секунда. Сето ова е забава и игра за Вашите деца, додека за Вас ова е ситуација за викање и врискање по нив.

Решение на ситуацијата:

Малите деца не се свесни за последиците кои можат да се појават при нивната забава и игра. Не треба постојано да им повторувате дека треба да се подготват и облечат, туку едноставно речете им еднаш: „ Тргнуваме за десет минути. Се надевам дека ќе бидете облечени и подготвени“. Ако тие не се подготвени, ги изнесувате од дома во тоа што се облечени. Ако вашите деца треба да одат на училиште во своите пижами, тие ќе знаат следниот пат што им зборувате.

Дисциплинирајте ги децата без врискање по домаРасправии меѓу децата

Вашата ќерка е гениј кога станува збор за кинење на копчиња од облеката на нејзиниот брат. Се возите во автомобилот на патот кон паркот, таа се наведнува и кине копче од јакната на помалиот брат. Вас почнува да Ви врие и за три секунди викате и пискате на цел глас.

Зошто родителите веднаш прашуваат: „ Кој прв почна“ и започнуваат да играат судија, кога и двете деца врескаат и се удираат. Оваа ситуација е многу опасна ако Вие ги возите со автомобилот, бидејќи Вашето шоферско внимание може целосно да се изгуби.

Решение на ситуацијата:

Кога работите се веќе загреани помеѓу вашите деца, само треба да се додаде гориво за оган и ситуацијата ќе ескалира. Особено додека возите, вашиот почетен инстинкт е да се развикате, но наместо тоа уште пред да излезете од дома разговарајте со децата и укажете им дека нема да одите додека не се смират. Укажете им дека во автомобил се седи мирно и Вие не сте судија за да заземате страна. Едноставно кажано, ќе возите ако седат мирни, ако се караат и тепаат нема возење и одење никаде.  Кога родителите ќе успеат да одговорат на децата на начин на кој ќе постигнат да се чувствуваат слушнато и разбрано, децата во вакви ситуации ќе научат како треба да се однесуваат добро кон другите околу нив.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.