Симптоми кај жените кои ги покажуваат плодните денови

Симптоми кај жените кои ги покажуваат плодните деновиВо текот на менструалниот циклус промени се случуваат во текстурата и конзистентноста на вагиналниот исцедок. Жените со редовен менструален циклус од 28 дена, овулираат околу 14 от ден сметано од првиот ден на последната менструација. Тој ден, јајцето е вовлечено во јајцеводот. Оваа јајце – клетка е жива помеѓу 12 и 24 часа. Поради оваа причина, важно е да научите како да ги препознаете вистинските симптоми на вашето тело и така полесно ќе знаете кој период Ви е најплоден. Спермата може да остане активна до 5 дена во јајцеводите, чекајќи ја јајце – клетката да пристигне и да ја оплоди.

Промени во вагиналниот исцедок

Шансите за оплодување на јајце клетката се поголеми кога сексуалниот однос ќе се совпадне со овулацијата, бидејќи цервикалниот слуз (вагинален секрет) се лачи повеќе, станува потечен и порастеглив и ѝ помага на спермата полесно да стигне до созреаната јајце – клетка.

Абдоминална болка и болка во градите

Некои жени доживуваат абдоминална болка или болка и напнатост во градите. Другите пак, ги немаат овие симптоми. Овие болки може да се појават пред, за време или после овулација. Болките во стомакот најчесто се појавуваат во долниот дел на стомакот кои може да траат дури и неколку дена.

Зголемена желба за секс

Многу жени имаат зголемена желба за секс неколку дена пред овулацијата. Една студија заклучува дека привлечноста на жените се зголемува пред овулацијата.

Зголемена телесна (базална) температура

За време на менструалниот циклус за повеќето жени, нормална базална температурата е помеѓу 36,0 и 36,3 ° C, а по овулација помеѓу 36,2 и 36,5 ° C. Во текот на овулацијата, температурата може да достигне до 37 ° C. Базалната температура треба да почнете да ја мерите од  првиот ден на Вашата менструација. Се мери наутро, веднаш по будење, пред да станете од кревет, пред секс, пред првата цигара, едноставно пред да правите било што. Важно е да сте одморени и спиени минимум 6 часа, да не сте пиеле некој лек претходно и да не сте болни или настинати. Секое мерење треба да го запишувате. Доколку доживеете некоја физичка или емоционална промена во месецот додека мерите, запишете го и овој податок, бидејќи ова може да влијае врз  базалната температура.

2-3 дена пред зголемување на температурата се најплодни. Многу жени сметаат дека е тешко да се одредат плодните денови преку овој метод на мерење и затоа најмалку го применуваат.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.