Како гените влијаат врз изгледот и карактерот на Вашето бебе

Како гените влијаат врз изгледот и карактерот на Вашето бебеОние парови кои  чекаат бебе, веројатно многупати се обиделе да го замислат своето бебе како би можело да изгледа. Дали ќе биде високо како неговиот татко, дали ќе има кадрава коса како неговата мајка , дали смислата за хумор ќе ја наследи од дедо му, дали ќе има плави или црни очи и сл.

Експертите проценуваат дека постојат 60.000 до 100.000 гени (составени од ДНК) сместени во 46 хромозоми во едно човечко суштество. Бебето добива 23 хромозоми од неговата мајка и 23 од својот татко. Ако ги направиме сите можни комбинации на гени, еден пар на родители има потенцијал да произведе 64.000.000.000.000 различни деца. Оваа информација најверојатно ќе ве збуни, верувајќи дека е невозможно да се предвиди како ќе изгледа Вашето бебе. Науката за генетиката е сложена, но некои основни информации ќе Ви бидат доволни за Вашата имагинација.

Боја на очи

Како гените влијаат врз изгледот и карактерот на Вашето бебеБојата на очите може да има максимум четири бои:  црна, кафеава, сина и зелена боја. Но, човечките очи имаат цел спектар на различни нијанси од овие бои. За бојата на очите одговорен е меланинот (заштитен пигмент). Колку меланин ќе се создава во вашето тело зависи од гените. Темните очи имаат големи количини, сините очи имаат многу малку, а другите бои на очи – зелената и  костенливата  имаат различен сооднос на меланин. Гените се веројатно одговорни за тоа колку кафеав пигмент ќе наследи Вашето дете и каде ќе се појавува во окото (повеќе кафена или сина може да има во центарот или надворешните рабови на окото). Па затоа можно е родителите кои имаат сини очи да имаат дете со кафени очи.

Карактеристики на лицето и телото

Одредени карактеристики на лицето, како што се: дупчиња во образите, доминантна вилица, специфична симетрија (висока веѓа на едната страна од лицето), се верува дека се доминантни низ многу генерации надолу. Формата на рацете, прстите, ноктите, како и кадравата коса често се појавуваат со генерации.

Доколку имате искривени заби и Вашето дете најверојатно ќе има такви, бидејќи  конфигурацијата на вилицата и навалувањето на забите се генетски детерминирани. Има дури и специфичен ген за „јазов заб“ каде откриено е дека доминира исто така низ генерациите наназад.

За да добиете слика за тоа како ќе изгледа Вашето дете, најдобро е да ги разгледате фотографиите од роднините низ генерациите. Ако излезе дека повеќето членови на семејството имаат истакната брада или тркалезно лице, тие се прилично силни црти кои најверојатно ќе ги има ѝ Вашето дете.

Висина и тежина

За да направите груба проценка на висината на детето, треба да го пресметате просекот на висината на мама и тато. Потоа додадете 5 см за момче или одземете 5 см за девојче. Значи, ако сте висока 158 см, а Вашиот сопруг е висок 178см, просечната висина помеѓу Вас е 168 см. Ова значи, Вашиот син ќе биде висок околу 172 см, а Вашата ќерка 163 см. Се разбира, генетиката е она што е – непредвидлива е – затоа овој мерач не го земајте „здраво за готово“. Вашето дете може да биде повисоко од високи родители или пократко од кратки родители.

Други моќни фактори кои влијаат врз крајната висина на Вашето дете се исхраната и здравјето. Ако гените на Вашето бебе се програмирани за висина од 165 см, детето може да не порасне толку поради  несоодветна исхрана или болест која може да влијае врз растот на детето. Од друга страна, детето може да порасне повисоко од очекуваното. Студиите покажале дека подобрената исхрана придонесува за поголема висина во текот на вековите.

Дали ќе биде слабо или дебело Вашето дете невозможно е да се погоди. Гените си го прават своето, но влијаат директно врз тежината на човекот. Детето ќе има предиспозиции за одредена тежина, но тоа секогаш не мора да значи. Кога двајцата родители се дебели, детето најверојатно ќе биде дебело. Освен гените, тука влијание имаат ѝ навиките за јадење на семејството.

Боја на коса

Во принцип, темната коса е доминантна кај луѓе со светол тен. Но, како и со боја на очите, така и косата на Вашето бебе може да биде убав спектар на нијанси од вашата и бојата на косата на вашиот партнер. Тоа пред сè зависи од бојата или пигментите од двајцата родители. Родители со слична боја на коса може да имаат бебе со боја која е малку поинаква, но во рамките на своите бои.

Може да се случи ѝ од родители со различни бои на коса, детето да има сосема трета нијанса. Ова обично се случува кога рецесивниот ген за боја од едниот родител доминира и се меша со ген од другиот родител. Ова значи, ако родителот има црна коса, неговиот рецесивен (прикриен) ген за руса коса потенцијално би можел да дојде до израз  и при мешање со рус ген од другиот родител ќе резултира со руса коса кај детето.

Истото важи и за генот на црвената коса, кој некогаш се сметаше за рецесивен, сега се верува дека е подоминантен ѝ од русата коса. Еден од родителите може да има црна или кафеава коса, но со скриен црвеникав пигмент. Ова е доволно детето да ви се роди со црвеникава боја на коса.

Карактер на детето

Експертите велат дека нема сомневање дека многу може да се наследи, кога станува збор за карактерот на еден човек. На пример, како бебето реагира на бучава – некои реагираат, некои не реагираат, одговорни за ова се гените. Но, експертите се согласуваат ѝ дека животната средина има огромно влијание врз однесувањето. На пример, едно дете може да ја наследи од својот родител тенденцијата да се занимава со ризични активности (да биде авантурист), но вашето влијание врз него и влијанието на животната средина може да предизвика неговиот „авантуристички дух“ да биде помалку изразен.

 

На ист начин, децата кои ја наследуваат креативноста од својот родител, (докажано дека е генетски) доколку не го поттикнете детето да се занимава со уметност, музика или некоја друга креативна активност, гените нема самите да го насочат кон креативноста. За среќа, гените само помагаат да сакаш или да имаш афинитет кон одредени нешта, друго што ти е потребно за да бидеш успешен е многу вложен труд и работа. Има деца кои немаат генетски предиспозиции да бидат сликари, (народски кажано- немаат дарба), но со многу вложен труд , внимание и време можат да станат врвни сликари.

Гените кај бременост со близнаци

Како гените влијаат врз изгледот и карактерот на Вашето бебеБременост со идентични близнаци, кои доаѓаат од една оплодена јајце клетка што се дели на два ембриони, се случува случајно и за ова нема позната генетска врска. Но, за бременост со близнаци, чии бебиња доаѓаат од две одделни јајце клетки и два сперматозоида, се чини дека има влијание генетиката. Оние жени кои  при овулација имаат повеќе од една јајце клетка, се чини дека го наследиле тоа од своето семејство.

Големо прашање е дали двојна или повеќекратна овулација е рецесивен или доминантен ген. Тоа тешко може да се утврди. Еден близнак може да умре уште  во матката или жената уште во најрана бременост може да ги изгуби близнаците и воопшто да не знае дека Би можела да има близнаци. Од тука, експертите не можат да проценат колку близнаци се всушност зачнати и затоа не може со сигурност да се каже дали генот е доминантен.

Сметаме дека овие информации кои Ви ги дадовме, се доволни да си замислите како ќе изгледа Вашето дете…дали ќе има убави кадрици на мама или плави очи на тато 🙂 !!!

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.