Влијанието на прекумерната тежина врз зачнувањето

Влијанието на прекумерната тежина врз зачнувањетоВашето забременување пред сè зависи од тоа дали вашиот менструален циклус е нормален. Ако циклусот Ви се јавува на секои 28 дена, тоа е повеќе од веројатно дека вашата тежина не влијае на овулацијата и таа нема да им наштети на вашите шанси за забременување.

Но, жените кои имаат прекумерна тежина или се дебели може да имаат хормонална нерамнотежа што може да влијае на нивниот менструален циклус, а со тоа и на спречување на овулацијата, па поради тоа зачнувањето оди многу потешко.

На пример, жените со прекумерна тежина обично имаат синдром на полицистични јајници (PCOS). Кај жените со PCOS, јајниците не произведуваат доволно хормони кои ја стимулираат јајце клетката да созрее и да биде оплодена.

Некои жени со PCOS, исто така произведуваат повеќе од  хормонот инсулин. Овој хормон на телото му помага полесно да го употреби шеќерот и скробот од храната, но исто така при повисоко ниво на инсулин во телото, се произведува вишок на машки хормони наречени андрогени. Високото ниво на андрогени може да се меша со овулацијата и тоа да е причината за потешко забременување.

Многу истражувања покажале дека жените со прекумерна тежина, потешко може да имаат бебе ѝ преку ин витро оплодување, бидејќи дебелината влијае на способноста на ембрионот да се всади во матката. Најдобро е да се ослободите од вишокот на килограми уште пред  да почнете да се обидувате да забремените, бидејќи драматично ќе ги подобрите Вашите шанси за зачнување, но и ќе си дадете себе си шанса да имате здрава бременост.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.