Јогата ги подобрува шансите за забременување

Јогата ги подобрува шансите за забременувањеЈогата е добра за намалување на стресот. Стресот може да делува на забременувањето и затоа се препорачува за жени кои се подготвуваат за бебе. Смирувачкиот ефект на јогата може да ги подобри Вашите шанси за зачнување. Направена е една студија во која учествувале жени кои се бореле со неплодност. Дел од нив учествувале во програма за намалување на стресот во која била вклучена и јогата. Резултатите покажале дека жените кои вежбале јога имале речиси три пати поголеми шанси да забременат, отколку оние кои не превземале ништо за да се справат со стресот.

Како стресот делува на зачнувањето?

Кога сте под хроничен стрес, Вашиот мозок почнува да ги произведува  хормоните на стресот, како што се: кортизол и епинефрин, а го забавува производството на сексуалните хормони. Оваа состојба може да го наруши распоредот на Вашата овулација и тешко ќе можете да забремените. Се разбира, малку стрес е нормално, но ако постојано се чувствувате „живчано“, време е да се справите со стресот.

Ако одлучите да вежбате јога, за почеток изберете ја  Хата јогата. Овој вид на јога е најраспространет во светот, каде акцент се става на телесните вежби и јога дишењето. Подоцна, доколку сакате вежби со поинтензивно темпо, може да ја применувате Бикрам јогата (жешка јога) која се изведува во загреани простории на 30 – 40 степени Целзиусови, каде допринесува за одржување на линијата на телото.

Ако постојаните обиди за забременување започнат полека да ја згаснуваат желбата за страст и секс во Вашата врска, значи време е да се обидете да практикувате јога со Вашиот партнер. Двајцата ќе се опуштите, ќе си посветите време, создавајќи интимна врска (надвор од спалната соба) преку забава и релаксација. Ова сега најмногу Ви е потребно.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.