Распоред на спиење според возраст (1 месец – 3 години)

Распоред на спиење според возраст (1 месец – 3 години)Ова најверојатно е едно од многуте ваши прашања кои си ги поставувате секојдневно, а се поврзани со спиењето на вашето дете. Подолу објаснуваме колку во просек е потребно детето да спие во текот на 24 часа. Се разбира, секое дете е различно и најпрво тоа самото покажува дали му се потребни  два часа, повеќе или помалку спиење од другите деца.

Возраст

Ноќно спиење

Дневно спиење

Вкупно за 24 часа

1 месец

8

8 (не конзистентни)

16

3 месец

10

Вкупно 5 часа, 3 пати

15

6 месец

11

Вкупно 3 часа и 15 минути, 2 пати

14 часа и 15 минути

9 месец

11

Вкупно 3 часа, 2 пати

14

12 месеци

11часа и 15 минути

Вкупно 2 часа и 30 минути, 2 пати

13 часа и 45 минути

18 месеци

11 часа и 15 минути

Вкупно 2 часа и 15 минути, еднаш на ден

13 часа и 30 минути

2 години

11

Вкупно 2 часа, еднаш на ден

13

3 години

10 часа и 30 минути

Вкупно 1 час и 30 минути, еднаш на ден

12

 

Имајте на ум дека на повеќето деца им е потребно многу спиење. Многу често родителите го занемаруваат  редот на спиење, мислејќи дека на детето едноставно не му се спие ако си игра и седи мирно или дека детето едноставно е такво и не му треба многу спиење. Експертот за спиење Jodi Mindell, автор на книгата Спиење во текот на ноќта „Sleeping Through the Night “ вели, ако детето нема навика за спиење или одбива да оди во кревет пред 11 часот навечер, неговите родители треба да го променат тоа, бидејќи детето мора да има ред во спиењето. За да видите во која група спаѓа вашето дете, најпрво одговорете си ги овие прашања:

–          Дали вашето дете заспива речиси секој пат кога е во автомобил?

–          Дали тешко се буди вашето дете речиси секое утро?

–          Дали вашето дете изгледа несигурно, раздразливо, или изморено во текот на денот?

–          После неколку ноќи, дали вашето дете заспива многу порано од неговото вообичаено време за спиење?

Ако одговоривте со „да“ на било кое од овие прашања, вашето дете спие помалку отколку што му е потребно. Вие како родител морате да му помогнете на своето дете да развие добри навики и да воспостави соодветен ред на спиење. „Тогаш детето ќе го добива потребниот сон, ќе биде весело и полно со енергија“, вели Mindell.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.