Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Конечно по повеќе од пет години посветени на развој и изградба, Кралството на Магијата –  Флорида, се закити со уште едно атрактивно место, а тоа е Земјата на фантазијата, (Fantasy Land), која официјално се отвори минатата година во месец декември, како составен дел на Дизниленд. Ова е едно од најголемите проширувања на еден тематски парк каде е изграден огромен ресторан, неколку таверни, огромен воз за ноќно возење, како и многу други интересни и возбудливи објекти. Ова магично место е местото каде што сирените пеат, убавиците од сказните раскажуваат приказни, ѕверови рикаат и слонови летаат.

Проширувањето претставува вклучување на повеќе Дизни ликови и приказни, кои се претставени во богати детали, поделени во две нови тематски области:

• Маѓепсана шума и
• Книга – Циркус за деца.

Во шумата на Волшебните, можете да сретнете некои од омилени Дизни ликови, како на пример, Малата сирена и Убавицата и ѕверот. Шетајќи низ оваа шума ќе се воодушевите од бујните пејзажи, ќе останете без зборови кога ќе налетате на громогласниот водопад и веќе ќе почнете да се чувствувате како да сте дел од некој Дизни филм кога ќе влезете во некој од кралските замоци кои ќе ви се појават на патот.

Маѓепсаната шума вклучува повеќе атракции:

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

„Под Морето“: Патување со Малата сирена

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Бидете гостин во Ресторанот: Поминете го вашиот семеен ручек на една од трапезариите во средината на замокот на Ѕверот

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Волшебните приказни со Belle: Станете дел од прераскажување во живо на „приказни стари колку ѝ времето”

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Ariel′s Grotto: Сликајте фотографии и добијтe автограми од секоја од омилените подморски сирени

Со разнобојни циркуски шатори, разни живи карактери и други атракции земени од популарниот Дизни филм „Дамбо“ е дизајниран посебен дел кој ќе направи да се чувствувате како да сте дел од овој популарен филм. Шарените бои на огромните шатори ќе го привлечат вашето внимание уште од многу далеку, кои ќе ве повикуваат да го посетите ова атрактивно место кое изобилува со неверојатни акробации и спектакуларни забави кои траат без конечно. На самиот влез во циркусот ќе ве пречека познатиот и многу омилен на децата „Goofy“ – Плутон, кој ќе ви посака едно добредојде.

Циркусот за деца вклучува повеќе атракции:

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

The Barnstormer: Aвантура со авион кој лета високо над книгата циркус за деца

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Dumbo – Летечкиот Слон: Атрактивно возење со Дамбо

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

Casey Jr. Splash ′N′ Soak Station: Област во која тематските игри се поврзани со вода каде што гостите можат да уживаат во ладењето на интересен начин

Fantasy Land – нова атракција во Волт Дизни светот

• Fantasyland station: Област со атрактивни Walt Disney World железници

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.