Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светот

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотПитер Мензел и неговата сопруга Д’Алисон решиле да патуваат во светот истражувајќи колку навиките за јадење се разликуваат од земја во земја. Сите различности, навики и обичаи ги презентираа во еден фото албум, наречен Гладна Планета (Hungry Planet) и во книгата „Што јаде Светот“ (What the World Eats).

Заедно со својот тим посетија 24 различни земји и 30 семејства, каде успеале да направат семејни фотографии на кои била презентирана храната која ја јадат за една недела.

Освен тоа што се презентирани интересни и едукативни информации, проектот дава одговор и на некои социјални прашања. Од изложената храна која е презентирана на секоја фотографија, може да се обезбедат информации не само за навиките во исхраната, туку ѝ за здравството, економијата, начинот на живот итн. Исто така, јасно може да се види поделбата помеѓу развиените земји во светот и земјите во развој.

Интересен е ѝ заклучокот дека помалку богатите семејства јадат повеќе здрава храна, отколку оние кои всушност би можеле да си го дозволат тоа. Напротив, повеќе економски стабилни семејства јадат повеќе обработена храна, додека пак свежите производи претставуваат само мал дел од нивната секојдневна исхрана.

Откако ќе ги погледнете фотографиите, може да се запрашате: Колку вашето семејство троши на храна неделно и каков вид на храна јаде?

Mexico: Cuernavaca

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Casales неделно за храна троши: 189,09 долари Омилена храна: пица, рак, тестенини и пилешко месо.

Ecuador:Tingo

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Ayme неделно за храна троши: 31,55 долари Омилена храна: Чорба со компир и зелка.

United States: North Carolina

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Revis неделно за храна троши: 341,98 долари Омилена храна: шпагети, компири и пилешки прсти со сусам.

China: Beijing

Истражување: Навиките за јадење во 30 земји ширум светотСемејството Dong неделно за храна троши: 155,06 долари Омилена храна: Свинско месо со сладок и кисел сос.

Japan: Kodaira City

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Ukita неделно за храна троши: 317,25 долари Омилена храна: сашими, овошје, торта и чипс.

Italy: Sicily

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Manzo неделно за храна троши: 260,11 долари Омилена храна: тестенини и риба.

Kuwait:Kuwait City

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Al-Huggan неделно за храна троши: 221,45 долари Омилена храна: Пилешко месо со ориз.

Poland:Konstancin-Jeziorna

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Sobczynscy неделно за храна троши: 151,27 долари Омилена храна: Кнедли од свинско месо со моркови, целер и пашканат.

Germany:Bargteheide

Истражување: Навиките за јадење во 30 семејства ширум светотСемејството Melander неделно за храна троши: 500,07 долари Омилена храна: пржени компири со кромид, сланина и харинга, пржени тестенини со јајца и сирење, пица и пудинг од ванила.

 

 

 

 

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.