Осма „Карпошова слава“ во чест на детската игра

Осма „Карпошова слава“ во чест на детската играВо организација на Здружението на граѓани „Карпош фудбал-клуб“ (КФЦ), а под покровителство на Општина Карпош и на градоначалникот Стевчо Јакимовски, в недела, на 26 мај, со почеток во 18 часот, на спортското игралиште „Сокол“ (ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) ќе се одржи осмата традиционална „Карпошова слава“. Настанот е од забавно-едукативен карактер, а ќе го отвори општинскиот татко, господинот Стевчо Јакимовски.

Во програмата учествуваат децата од четирите градинки од општина Карпош, кои ќе имаат свои музичко-кореографски настапи, а 20 најталентирани дечиња, по две од секоја од градинките и од нивните клонови, во полигонски натпревар ќе ги измерат своите физички вештини и способности. Во „Игри без граници“ ќе учествуваат и децата од десетте основни училишта од Карпош, и тоа, исто така, по две деца од секое училиште. Најталентираните и меѓу помалите и меѓу основците ќе бидат наградени со погодни награди и со дипломи. Настанот ќе биде заокружен со финалниот натпревар од Фудбалската лига на Карпош меѓу екипите на ООУ„Димо Хаџи-Димов“ и ООУ „Владо Тасевски“, кој ќе почне во 20 часот. За атмосферата да им годи на децата, на кои „Карпошовата слава“ им е наменета, ќе се погрижат и неколку маскоти, а покрај тоа на посебни штандови ќе се делат бесплатни сладоледи, пуканки и други слатки задоволства.

Осма „Карпошова слава“ во чест на детската игра

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.