Не држете го детето под стаклено ѕвоно

Не држете го детето под стаклено ѕвоноКога за прв пат ќе станете мајка, постојано ќе мислите дека вашето бебе е изложено на опасност. На самиот почеток, мајките стравуваат за животот на своето малечко, па дури многу често по цели ноќи не спијат, плашејќи се да не му се случи нешто на нивното бебенце.  Како ќе расте  бебето,  тоа ќе има моменти кога ќе кива, ќе се закашлува, ќе му се растечкува носот, ќе повраќа, ќе плаче силно и слични моменти кои ќе предизвикуваат немир кај мајката која сигурно ќе посака да направи еден  заштитнички оклоп околу своето малечко кое ќе го чува од лошо.

Секоја мајка треба да знае дека бебињата се многу појаки, отколку што изгледаат. Секако дека треба да се грижите кога станува збор за здравјето на вашето дете, сепак тоа е една од најголемите одговорности кои сте ги имале некогаш во животот, но не треба да постанете параноични доколку, вашето бебе добие  на пример, некој пеленски осип на газето.

Секако дека треба да појдете на лекар, ако се плашите дека не му е добро на детето, но не треба секогаш да помислувате на најлошото само затоа што детето е без волја за ништо.

Доколку сте премногу заштитнички настроени, со текот на времето тоа може да делува контрапродуктивно. Најновите истражувања тврдат дека во семејства во кое се води претерана грижа за хигиената се идеален терен за појава на астма и други алергии. Не треба да паничите кога прв пат ќе го однесете бебето надвор, бидејќи веќе еднаш тоа било надвор, а тоа е кога сте излегувале од болница. Ова е само еден пример кој укажува на тоа колку родителите не се свесни дека претеруваат во некои работи кога станува збор за грижата на своето дете.

Како ќе расте вашето дете вашата желба да го заштитите ќе прерасне во една рутина, каде на себе ќе си препишете голем број на обврски кои реално детето може само да ги изврши. На пример, многу често родителите се мешаат во односот меѓу децата т.е. со своето братче,  сестричка или некој нивен врсник, кажуваат што треба да се јаде, како треба да се облекуваат и сл. Кога треба да се оди на тренинг, го возат детето со кола до соседната улица, едноставно не го оставаат само ни пет минути. Резултатот од ова е: премногу заштитените деца израснуваат  во несамостојни, несигурни и себични луѓе.

Некои родители прават големи грешки мислејќи дека детето го заштитуваат ако:

– Ја средат детската соба наместо него, му ги купат омилените патики, дозволат да јаде слатки пред ручек и сл. (според ваквиот тип на родител, детето ќе се чувствува посигурно, што е тотално погрешно)

– Му ја исполнат секоја желба;

– Му угодат и му купат се што имаат неговите врсници (родителот мисли дека детето ќе има поголема самопочит, што е повторно тотално погрешно)

– Му овозможат лесен и комотен живот без обврски (родителот смета дека детето ќе биде неправедно казнето доколку не му го олеснат животот);

ЗАКЛУЧОК: Повеќе ќе го заштитите своето дете доколку се трудите да го запознае,  анализира и реши проблемот кој го мачи или со кој се судира во секојдневниот живот, наместо да ги извршувате секојдневните обврски во негово име.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.