Кога и како да се воведе мед во исхраната на детето

Кога и како да се воведе мед во исхраната на дететоМедот е природна храна со пријатен мирис и вкус. Содржи прости шеќери, витамини, минерали, ензими и делува позитивно на апетитот и перисталтиката. Децата треба да јадат мед наместо шеќер. Поради можна појава на алергија, треба да се внимава кога се воведува медот во исхраната на детето, особено во семејства каде има изразена преосетливост на храна или алергии.

Генерално, медот е идеална слатка храна за деца. Со оглед на тоа дека е лесно сварлив и сладок, мал е бројот на деца кои не го прифаќаат во својата исхрана. Медот е важен за нормален развој на детскиот организам. 80% од медот е природен шеќер (гликоза и фруктоза) кој не треба да се вари, каде по неговото консумирање преминува во крвотокот каде брзо ги пополнува резервите на шеќер во црниот дроб и мускулите.

Кога да се воведе во исхраната…

Медот се препорачува да не се дава во првата година од животот на бебето, поради можна појава на алергиска реакција. Пред да му понудите на вашето бебе да проба мед, одговорете си ги следниве прашања:

  1. Дали бебето има некоја алергиска манифестација (екзема  –  атописки дерматит, алергија на кравјо млеко или алергија на некоја друга храна)?
  2. Дали во семејството има некој алергичен на мед?

Доколку одговорот на овие прашања е НЕ, тогаш можете да започнете со воведување на медот. Каков мед да понудите? Најдобро е да започнете со багремов мед. Пред купување на медот, многу е важно да проверите дали произведувачот има потврда за неговата исправност (направена задолжителна микробиолошка анализа).

Како да се воведе во исхраната…

Се започнува со ¼ лажичка мед кој се раствора во течност (вода, сок, чај, овошна каша…). После првото давање почекајте четири дена. Доколку нема знаци за неподносливост (осип, чешање, пролив, повраќање), продолжете со давање и со постепено зголемување на количината, каде во рок од две недели треба да ја достигнете дозволената дневна количина. После овој процес на воведување, ќе можете да почнете секој ден да му давате мед на своето дете.

Дневна препорачана количина мед е 1грам/кг. тежина, поделено во два оброци.

Доколку се појават било какви знаци на неподносливост, консултирајте се со вашиот педијатар.

Воведување на медот во исхраната на мало дете…

Кога и како да се воведе мед во исхраната на дететоАко детето има две години и сè уште нема пробано мед, постапката на воведување е иста како ѝ кај бебињата, со таа разлика што дневната количина на мед треба да биде поголема, бидејќи детето е потешко (1 грам/кг. тежина). На дете постаро од две години освен багремов мед, може да му понудите и ливадски мед. Освен растворен во течност (вода, сок, чај, млеко…), малото дете може да го внесува ѝ преку медени колачиња, вкусни каши од јаболка и мед и други здрави слатки задоволства.

Нормална дневна количина за деца е 30-50гр. мед, 3-4 пати во текот на денот. Една кафена лажичка содржи околу 10 гр. мед, а една супена лажица околу 30 гр. мед.

 

Еден килограм мед има хранлива вредност како:

–       50 јајца

–       3 кг риба

–       1 кг шунка

–       2,5 кг телешко месо

–       6 кг портокали

–       10-12 кг зеленчук

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.