Породилни периоди

Породилни периодиСекоја бремена жена породувањето го доживува на различен начин. Многу малку жени се породуваат како што пишува во книга – со слаби контракции на почетокот, кои се засилуваат постепено и правилно сè до напоните. Како што за трудницата е корисно да знае што може да очекува додека чека бебе, така корисно е да знае и како изгледа типичното породување.

Процесот на породување се дели на три фази т.е. породилни периоди:

Првиот породилен период трае од почетокот на породилните болки до целосното проширување на грлото на матката. Овој период вклучува неколку фази:

 

–          Рана фаза

–          Активна фаза

–          Преодна фаза

Вториот породилен период трае од целосната дилатација (проширување) до раѓањето на детето;

Третиот или плацентарниот период го опфаќа раѓањето на плацентата;

Секоја бременост е различна и има широка варијација во должината на породувањето. Во просек, целото породување трае околу 14 часа кај прворотки, односно околу 8 часа кај жени кои веќе раѓале. Има жени кои раѓаат и по 20 часа, но има ѝ такви кои се породуваат за многу кратко време.

Сите родилки кои ќе ја износат бременоста до крај, поминуваат низ сите три фази на првиот породилен период. Некои трудници не ни забележуваат дека почнале да се породуваат, сè додека не влезат во активната фаза на породувањето. Кај овие трудници полека почнува да се отвора грлото на матката и најчесто раните контракции се слаби и безболни. Првиот породилен период завршува кога грлото на матката ќе се прошири цели 10 см.

Кај мал број жени целиот процес на дилатација поминува незабележано, па конечно сфаќаат дека се породуваат дури кога ќе почнат да ги чувствуваат нагоните и ќе започнат со напнување, а тоа значи дека веќе се во вториот период. Со периодични прегледи може да се потврди зачестеноста иинтензитетот на контракциите кои можат да укажат која фаза од породувањето е во тек.

Генерално земено, процесот на породување е многу побрз кај жени кои веќе родиле вагинално.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.