Аква паркот во Скопје ќе се отвори во јули

Аква паркот во Скопје ќе се отвори во јулиЗабрзано се работи на изградбата на првиот аква парк во Скопје. Тој се гради на парцела од 12 илјади метри квадратни и се наоѓа на северната страна од спортскиот центар, односно веднаш до хотелот „Александар Палас”.

Аквапаркот ќе има 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, ќе има турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти. Придружни објекти, покрај тобоганите, ќе бидат базенот со бранови, мрзливата река и базен за дечиња до 7 години, кој е опремен со тематски реквизити од познатиот филм „Пиратите од Карибите”. Се планира аквапаркот да работи во два дела од денот, односно да биде отворен од 11 часот до 17 часот попладне и од 18 часот па до полноќ да функционира втората смена. Цената на дневна влезница ќе биде околу 350 денари.

Се најавуваат многу новини и забава, особено за најмалите кои се очекува да бидат најчести посетители.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.