Повеќе сонце, за поголема плодност

Повеќе сонце, за поголема плодностСигурно многумина од вас за прв пат слушаат дека сонцето може да биде предизвик за плодност.

Според истражувањето на група научници од Австрија, плодноста може да се зголеми како резултат на витаминот Д кој се произведува во кожата кога телото е изложено на сонце.

Научниците открија дека кај жени кои имаат  доволно витамин Д, имаат регулирана рамнотежа на половите хормони, регулирана овулација и повисоко  ниво на прогестерон и естроген. Мажите кои имаат ниско ниво на витамин Д, со земање на додатоци од овој витамин може да се подобри бројот на сперматозоиди, квалитетот на спермата и нивото на тестостерон.

Во истражувањето во кое биле вклучени 2.300 мажи од земјите од Северна Европа,  научниците откриле дека нивото на тестостерон и витаминот Д го достигнуваат својот врв во текот на летните месеци, а се на најниско ниво во месец март, кога завршуваат ладните денови. Жените помалку овулираат во текот на зимските месеци, а со тоа се намалуваат шансите за зачнување.

Сонцето може да помогне, но истражувачите ги потсетуваат оние парови кои се брзаат да пробаат сè што може, за да дојдат до бременост, дека прекумерната изложеност на сонце може да доведе до рак на кожата. Затоа тие препорачуваат умерено излегување на сонце и поголемо внесување на храна богата со овој витамин е идеална комбинација која ги зголемува шансите за бебе.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.