Одмор со мали деца на море

Одмор со мали деца на мореРодителски замор, за децата да дишат јод

Одмор со мали деца и не е баш некој релаксирачки одмор, баш онаков од типот: лежиш по цел ден на плажа, пиеш пиво, лижеш сладолед, си се снимаш со соседите до тебе, снимаш дали е дебел, слаб, каков костим за капење носи, наслушнуваш да видиш од каде е, кој е, што прави во моментот, па после ти позираш, па тебе те снимаат и така во круг.  

Овој тип на одмор ти доаѓа како следнава дефиниција: Лежиш, дремеш, уживаш, па следниот ден пак истото и така се до десет пати.

НЕ, драги мои, одморот со мали деца е, како да ви кажам, ОДМОР = ЗАМОР, а тоа значи, седиш на плажа додека индијанецот твој, не почне да беснее до степен на кулминација, ќе седиш на плажа се додека на твојата мала принцеза не и се приспие или едноставно не и се седи и сака да шета и така секој ден до 10 тиот ден кога гледаш веќе чукнал часот да си појдеш ДОМА.

Драги мои, веќе е време да почнете да размислувате КАДЕ НА ОДМОР?

Сите родители прават се најдобро за своите најмили, така да подготовките и одењето на одмор со мали деца, иако за родителите е напорен одмор, за децата е летен рај. Затоа почнете да го планирате и креирате својот одмор. Пожелно е да одберете дестинација на море. Нормално, ако материјалното ви дозволува, пожелно е своите дечиња да ги однесете на море. Зошто се препорачува? Убаво е да дишат јод (се препорачува особено за деца кои страдаат од болести поврзани со синусите), да пливаат во солена вода (одлична е за кожата и телото, но и за развивање на мускули), да трчкаат по песокот, особено е препорачливо за децата да пешачат по брегот. Правилното формирање на стапалата кај малите деца е многу важно, за на старост да немаат проблеми и така натаму…….

Значи, ајде да заклучиме, на одмор сакате да одите на море, но која ќе биде Вашата дестинација за вашиот летен одмор, останува се уште дилема?

Сепак, што и да одлучите…уживајте во летните денови заедно со Вашето семејство!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.