План за летен одмор со дете

План за летен одмор со детеЛето е. Сигурно многумина од Вас веќе се подготвуваат за летниот одмор. Правите списоци, кроите планови, избирате дестинација, но постојано само едно Ви се врти во глава: „ Што ако заборавам нешто“. Многу прашања отвораат дилеми што да понесете, но Вие сепак на крајот ја носите половина куќа со себе.

Ние Ви подготвивме практичен водич за пакување на куферите. 🙂

Тајната на успешно патување со деца, без разлика дали станува збор за патување на долга или кратка дестинација е всушност, детално планирање. Малите деца имаат многу потреби, но Вие доволно е да ги обезбедите само основните работи, како што се: храна, пелени, омилени играчки (нема потреба да носите цела торба со играчки).

Ако имате бебе, тогаш вашата торба треба да биде поголема и треба да има:

–          Цел пакет пелени;

–          Влажни марамчиња;

–          Облека за преслекување (понесете повеќе ако Вашето бебе многу се поти);

–          Пешкир и неколку памучни пелени;

–          Ако не го доите, понесете си доволно млеко во прав, чај и вода;

–          Ако бебето јаде цврста храна, понесете си прибор за хранење;

–          Потребен ви се креми за нега на бебешката кожа, како и креми за заштита од сонце;

Со кое превозно средство најдобро се патува со деца?

Автомобилот е веројатно најлесниот начин за патување со мало дете, бидејќи ќе можете да го користите како еден вид на соба на тркала. Бебето секогаш треба да седи во соодветно седиште кое е добро прицврстено на задното седиште на автомобилот. Бидете сигурни дека бебето е добро врзано во седиштето.

Климатизација во автомобил

Ако немате клима уред во автомобилот, најдобро е да патувате во вечерните часови. За децата најдобро е да се патува во текот на ноќта, но многу возачи не сакаат да патуваат во текот на ноќта, па затоа е идеално да тргнете на пат во раните утрински часови.

Ако имате клима уред во автомобилот, не заборавајте дека ако работи постојано може да постои голема разлика во температурата во автомобилот и надвор, па затоа внимавајте ова да не се случи.

Заштитници за сонце

Задните прозорци треба да бидат добро заштитени од сонце.

Постарите деца ќе сакаат да се забавуваат на патувањето. Дозволете им покрај себе да ги имаат своите омилени играчки.

Секогаш кога тргнувате на пат со деца, обидете се да направите патувањето да биде што е можно поудобно, а ова значи дека треба да го планирате времето на тргнување и пристигнување, на пример, пристигнувањето доцна во ноќта претставува дополнителен умор за децата.

Подгответе ја патната аптека

Патната аптека треба да ги содржи следните лекови:

–          Лекови за намалување на температура – парацетамол (Febricet, Paracet, Eferalgan ….) или ибупрофен, се лекови кои ефикасно ја намалуваат температурата. Сирупите се погодни за децата, но ако детето го повраќа сирупот најдобро е да користите чепчиња (не се користат ако детето има пролив, бидејќи дополнително може да се иритира дебелото црево)

–           Лекови против алергии  – антихистаминици

Појавата на алергии за време на летниот одмор, се повеќе станува неизбежна. Се појавува како акутна реакција од солена вода, сонце, храна итн. И важно е да се дејствува брзо. На детето може да му дадете антихистаминик сируп: Loratadin. Овие лекови се многу ефикасни, бидејќи може да ги ублажат ѝ симптомите кои се појавуваат при изгореници предизвикани од прекумерно сончање

–          Капки за очи – Честото седење во песок и триењето на очите може да доведе до воспаление

–          Капки за нос – солени капки за чистење на носот

–          Електролити – за надополнување на изгубена течност во телото

–          Пробиотици – за регулирање на цревна флора. Ако детето има пролив, овие лекови можат да помогнат за нормализирање на функцијата на цревата. На пример, LINEX

–          Антисептичен спреј, стерилна газа и ханзапласт во случај на повреда

–          Антибиотици – со консултација на лекар

–          Лосион за заштита од убоди од комарци

–          Гел за  смирување на кожата после изложување на сонце

–          Гел за смирување од чешање после убод од инсекти

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.