Кога циркулацијата на крвта во телото прераснува во проблем

Кога циркулацијата прераснува во проблемШто е циркулација на крвта?

Циркулацијата на крвта во организмот е клучот за живот. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, хранејќи ги сите телесни клетки, овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Човековиот циркуларен систем се состои од стотици километри долги крвни садови во кои се вмрежени сите органски системи.

Сè додека циркуларниот систем е урамнотежен, целото тело функционира добро.

Слабата циркулација е една од главните причини за смрт денес, но ѝ основа на срцевите заболувања, мозочен удар и ампутации на нозете.

Проблемите со циркулацијата пред сè лежат во нездравата исхрана, лошите навики, како што се: пушењето, недостиг на физичка активност и слабо контролирани хронични болести.

Како се нарушува циркулацијата?

Масните честички кои циркулираат во крвта (холестерол, триглицериди, липопротеини) се потребни за хранење на ткивата. Сепак, некои од нив може да бидат штетни, доколку се присутни во премногу висока концентрација, што доведува до формирање на масни плочки или атероми на внатрешниот ѕид на крвните садови – артерии. Со таложење на овие масни плочки се намалува дијаметарот на артериите, каде доаѓа до намалување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови и во оштетената област може да дојде до формирање на згрутчување на крвта, која во голема мера или целосно може да ги блокира артериите и да предизвика инфаркт или мозочен удар.

Сепак, артериите не се единствените кои можат да бидат погодени од оштетување, многу заеднички нарушувања на циркулацијата потекнуваат ѝ од вените. Вените имаат поинаква структура од артериите. Тие имаат вентил – „рампа“ која овозможува еднонасочен проток на венската крв кон срцето. Вентилите се важен фактор во одржувањето на венската циркулација. За време на контракција, мускулите помагаат во протокот на венската крв кон срцето. Затоа, физичката активност е многу важна.  Слаб вентил на вените, појава на проширени вени и воспаление, се промени кои укажуваат на периферна венска болест.

Фактори за развој на кардиоваскуларни заболувања:

– Пушење

– Дебелина

– Недоволна физичка активност

– Нездрава исхрана

– Високиот крвен притисок (хипертензија)

– Зголемено ниво на масти во крвта

– Дијабетес

– Болести на тироидната жлезда

– Бременост

– Стрес

– Дехидратација

Кои се симптомите на слаба циркулација?

Симптомите се развиваат постепено, така што често се случува, во најраните фази на болеста ништо да не се забележи. Обично болеста се започнува да се лекува во доцна фаза, а понекогаш, за жал, тоа се случува премногу доцна за да се излечи. Не е ни чудно зошто слабата циркулација има уште едно име, „тивок убиец“.

Првите симптоми обично се појавуваат во форма на грчеви и замор. Болка може да се појави во бутовите, долниот дел на нозете или стапалата.

Други симптоми на кои е потребно да им се обрне внимание се:

– Отекување на нозете

– Грчеви во спиење или долго спиење (во неизменета положба)

– Студени нозе

– Tрнење на рацете и нозете

– Промени во бојата на кожата – станува бледа, сина или виолетова

– Чести повреди на кожата, инфекции кои не поминуваат

Циркуларното нарушување може да биде дијагностицирано со клиничка и радиолошка дијагноза (ултрасонографија, доплер, магнетна резонанса, ангиографија).

Како да се спречи и лекува слабата циркулација?

Првиот чекор кон одржување на здрав циркуларен систем е промена на начинот на живот и елиминирање на лошите навики. Главните елементи кои треба да се земат во предвид  се:

– цигарите да се исклучат

– редовна контрола на крвниот притисок

– правилник за дијабетес доколку е присутен

– одржување на холестеролот и маснотиите во зададените граници

– правилна исхрана и земање суплементи за да се стимулира циркулацијата

– редовно вежбање или физичка активност, најмалку половина час

– носење соодветна облека и обувки

– одржување на нозете топли

Ако дојде до оштетување на циркуларниот систем, неопходно е да се дејствува што е можно поскоро. Денес се достапни на пазарот, многу анти-коагулативни лекови, кои се користат постојано и под медицински надзор. Доколку има поголемо оштетување, може да се преземат хируршки процедури со цел да се отстрани формираниот тромб, да се вгради бајпас или да се заменат или отстранат делови од дис функционалните крвни садови.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.