Бременост: 21 недела

Бременост: 21 неделаФетусот е долг околу 18 см и тежок околу 300 грама.

Во овој период, бебето не расте многу брзо, но неговото тело станува сè повеќе пропорционално. Тоа изгледа прилично слабичко, но во наредните недели, се очекува вашето момченце или девојченце значително да почне да добива на тежина. Во стомакот сè уште има доволно простор за вртење. Бебето започнува да ги применува техниките на дишење, дури може да започне да го цица својот прст.

Вашата бременост сега е очигледна, секој веќе може да забележи дека сте бремена. Вие веројатно се чувствувате преубаво! Вашето тело повеќе или помалку се има прилагодено на бременоста и веќе треба да сте емоционално стабилни. До сега треба да добиете меѓу 4-5 кг на тежина. И од сега па натаму ќе добивате околу 400 грама неделно. Матката сега се наоѓа над папокот. Поради растегнувањето може да почувствувате болка во долниот дел од стомакот. Може да забележите дека вашиот стомак стои повисоко, како и тоа дека веќе ви се појавила темна линија од папокот надолу. Ако имате мозолчиња, кожата сега веројатно ќе ви се исчисти, дури може да имате и сјајна коса.

Што треба да направите?

Одмарајте се, шетајте, дружете се со пријателите. Кога бебето ќе се роди нема да имате време за себе. Затоа ова е идеално време за уживање.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.