Бременост: 22 недела

Бременост: 22 неделаВо оваа недела од бременоста, фетусот има 5 месеци. Фетусот е долг 19 cm (мерено од врвот на главата до задникот) и тежи околу 350 грама.

Бебето сега веќе има веѓи и можно е да има коса на главата. И понатаму продолжува да добива во тежина. Ако бебето е момче, тестисите се формираат и почнуваат да се спуштаат од внатрешноста на телото во скротумот, но сè уште се наоѓаат во стомакот. Бебето почнува да го користи својот сопствен имунолошки систем кој го штити од инфекции.

За Вас, ова е прилично добар период од бременоста. Стомакот не е премногу голем за да ви пречи. Може да забележите појава на проширени вени на нозете. Тие понекогаш може да бидат многу болни. Постојат на пазарот специјални чорапи кои може да ви помогнат, но најдобро решение за вашите болни нозе е нивно подигање на перница секогаш кога ќе добиете шанса за тоа. Седејќи со прекрстени нозе или подолго стоење само може да ја влоши ситуацијата. Освен ова, ништо друго не може да превземете. Хормоните, наследниот фактор и притисокот од тешката матка се причина вените да се прошират. По породувањето, работите ќе се подобрат.

Што треба да направите?

Започнете да размислувате како ќе изгледа собата на бебето. Гледајте списанија и каталози, може да ви даде идеја за тоа како да го дизајнирате катчето за вашето дете кое наскоро ќе дојде на свет. Фантазирајте и уживајте во планирањето!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.