Бременост: 23 недела

Бременост: 23 неделаФетусот е долг околу 20 см и тежок околу 450 грама.

Кожата на бебето сè уште е прозирна и со розевкаста боја. Нема доволно сало, па затоа целото тело му е збрчкано. Меките влакненца сè уште го покриваат целото тело. Бидејќи нервните влакна почнуваат да се поврзуваат,  движења на бебето стануваат се повеќе координирани, и некаде во овој период почнува да реагира на звуци и музика.

Во оваа недела нормално е да имате 5-7 кг повеќе. Гинекологот треба да го посетувате еднаш месечно. Вие може да почнете да се чувствувате настинато, носот да ви биде затнат или да ви крвари. За сето ова, виновни се хормоните.

Циркулацијата на крвта е забрзана во споредба со порано. Витаминот Ц може да помогне, но пред да почнете да го пиете, треба да се консултирате со својот лекар за да не претерате.

Што треба да направите?

Започнете да ја подготвувате куќата. Вие бидете организаторот, а членовите од семејството замолете ги да ви помогнат околу разместување, чистење, преместување на работите во домот.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.