Бременост: 24 недела

Бременост: 24 неделаФетусот е тежок околу 530 грама и околу 21 cm долг (мерен од темето до задникот).

Бебето продолжува да расте и е помалку тенко и збрчкано. Внатрешното уво сега е целосно развиено и бебето има чувство за ориентација кога се врти во стомакот.

Во овој период, поради истегнување на кожата, може да почувствувате чешање во областа на папокот. Кожата може да ви потемне околу носот, образите, челото или брадавиците, но сето ова ќе исчезне по породувањето.

Што треба да направите?

Ако веќе не сте започнале, веќе е крајно време да почнете да ја негувате кожата со креми против стрии, бидејќи после бременоста не би сакале да имате грди дамки. Стапалата можете да ги релаксирате во млака бања.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.