Бременост: 25 недела

Бременост: 25 неделаФетусот е тежок околу 700 грама и 22 см е долг.

Просторот во матката веќе почнува да станува тесен и бебето нема да може многу да се врти.  Веќе бебето има трепки,  наскоро ќе може да ги отвори очите. Ноктите на рацете и на нозете веќе се имаат појавено.

Повеќето трудници страдаат од киселини во оваа фаза од бременоста. Проблемите со мокрење и со запек не се вообичаени во овој период (тие се типични за првите три месеци  и при крајот на бременоста). Избегнувајте масна и пржена храна. Јадете по малку и често. Исто така, не треба да легнувате на грб после јадење.

Што треба да направите?

Сега е идеално време да земете часови за подготовка за породување. Стручните лица ќе ве научат како да дишите за време на контракциите, како и ќе добиете совети за заминување во породилиштето.

Ако имате грчеви во мускулите, користете препарати. Проширената матката може да предизвика појава на грчеви во стомакот и нозете, но земајќи калциум и калиум, овој проблем може да се надмине. Зголемете го внесот на млечни производи во исхраната или земајте калциум таблети. Сардини со коски се исто така богати со калциум. Банани, грејпфрут, портокали, сушено овошје, печурки и риби се богати со калиум.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.